Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Битиќи на Меѓународниот саем во Тирана: Заедничките настапи на меѓународните саеми ја зацврстуваат соработката помеѓу земјите во регионот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Битиќи на Меѓународниот саем во Тирана: Заедничките настапи на меѓународните саеми ја зацврстуваат соработката помеѓу земјите во регионот
Агровести

Битиќи на Меѓународниот саем во Тирана: Заедничките настапи на меѓународните саеми ја зацврстуваат соработката помеѓу земјите во регионот

Објавено 04/12/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска го посети „Меѓународниот саем во Тирана 2021″, во организација на „групацијата Клик Експо” во соработка со градот Тирана, Стопанската комора на Албанија и Коморскиот инвестициски форум за Западен Балкан.

На Меѓународниот саем, што е во рамки на иницијативата „Отворен Балкан”, со слоган „Еден Балкан, посилен Балкан”, изложуваат над 500 компании од сите земји на Западен Балкан и други 25 земји од светот.

Вицепремиерот Битиќи, по обиколката на штандовите на саемот, соопштија од неговиот Кабинет, потенцирал дека ваквите настани, на кои заеднички се презентираат производите и услугите на компаниите од нашиот регион, може да придонесат да се зацврсти и засили економската соработка во Западен Балкан, но и да се подигне конкурентноста на самиот регион.

– Поголема конкурентност на Западниот Балкан, наместо создавање на конкуренција помеѓу земјите, значи подобра соработка, стабилен и поатрактивен регион, поголеми можности за привлекување на инвестиции и овозможување на подобри работни места за сите наши граѓани. Заеднички треба да продолжиме да работиме во насока на уште подобра соработка на регионално ниво, да донесеме мерки со кои ќе ги унапредиме меѓусебните економски односи, а со тоа да дадеме сигнал за стабилен и сигурен регион, отворен за нови инвестиции и олеснување на сите трговски процеси, нагласил вицепремиерот Битиќи за време на посетата на Меѓународниот саем во Тирана.

Тој се сретнал и со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески и притоа му честитал за наградата на комората „Дигитален шампион”, за проектот за дигитализација на процесите и издавање е-документи од страна на Комората, што им се потребни на македонските компании во надворешно-трговското работење, добиена од Светската трговска организација (WTO), Mеѓународната стопанска комора (ICC) и Меѓународниот центар за трговија (ITC)

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:Битиќисаемстопанска коморатирана
Претходен напис Во Росоман отворен центар за промоција „ТЕРА ВИНО”
Следен напис Георгиевски: Се формира Интервентен фонд за земјоделство, дополнителни 250 милиони денари за земјоделците
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?