Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Георгиевски: Се формира Интервентен фонд за земјоделство, дополнителни 250 милиони денари за земјоделците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Георгиевски: Се формира Интервентен фонд за земјоделство, дополнителни 250 милиони денари за земјоделците
Агровести

Георгиевски: Се формира Интервентен фонд за земјоделство, дополнителни 250 милиони денари за земјоделците

Последна измена: 05/12/2021 16:22
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Наша одлика е да бидеме постојани во тоа што го работиме и да го одржиме зборот, секое ветување да го докажеме на дело. Опозицијата освен да се кити со туѓи перја, ништо друго не знае.СДСМ може и знае да спроведува големи реформи и да дава помош секогаш кога е потребно, во интерес на сите земјоделци.Изминатава недела беше недела на големи одлуки, за земјоделците.Владата предводена од СДСМ усвои финансиска поддршка за намалување на последиците од КОВИД  кризата врз производството и откупот на јаболко, ориз, грозје и тоа:

– Поддршка по килограм за произведено јаболко кое во периодот од 15 септември 2021 година до 15 декември 2021 година предадено кај регистриран откупувач или преработувач на земјоделски производи  или за извоз, во висина од 3 денари по килограм.

– Поддршка по килограм за производство на оризова арпа од род 2020/2021 година која во периодот од 1 јануари до 15 декември е произведена и предадена на регистриран откупувач или преработена во сопствениот преработувачки капацитет, во висина од 3 денари по килограм.

– Поддршка по килограм за произведено винско грозје кое во периодот од 15 август 2021 година до 31 октомври 2021 година е предадено кај регистриран откупувач на винско грозје за производство на вино или за извоз на винско грозје во висина од 3 денари по килограм.

На минатите парламентарни избори ветивме посветена работа да создадеме услови за одржливо, конкурентно и модерно земјоделство. Едно од ветувањата во програмата „Можеме” беше и Формирање на интервентен фонд за регулирање на пазарен дисбаланс во земјоделството и обезбедување услови за одржливо земјоделско производство.

Пандемијата предизвикана од КОВИД 19 нанесе сериозни последици на глобално ниво, а СДСМ како одговорна партија која е предводник на државата, ги презема сите активности за ублажување на последиците врз домашното стопанство. Бидејќи се грижиме, бидејќи за нас наголем приоритет се граѓаните.Почнувајќи од 2022 година постоењето на овој фонд ќе биде реалност, а буџетот за оваа намена ќе биде 250 милиони денари.Ова се дополнителни средства, покрај субвенциите кои во рекордни суми се исплаќаат последните две години, навремено и во целост. Буџетот на интервентниот фонд ќе биде на располагање во случаи доколку земјоделците се соочат со потешкотии на пазарот и проблеми во производството.

Грижата за земјоделците се покажува и докажува. Со развојни политики, со реформи, со отворен дијалог. Тоа се стандардите по кои работи Владата и Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Може да ви се допадне

Просечната нето плата во април 45.452 денари
Повторно поскапува дизелот
Минималните трошоци во јуни зголемени за 790 денари, кај храната зголемување од 733 денари
Во мај годишен раст од 12,2 проценти на вкупните депозити и од 12,1 процент на вкупната кредитна поддршка
Народна банка: Макроекономската слика за економијата не е значително променета во споредба со октомвриските проекции
Таг:гоцеземјоделциИпардпрессубвенциифонд
Претходен напис Битиќи на Меѓународниот саем во Тирана: Заедничките настапи на меѓународните саеми ја зацврстуваат соработката помеѓу земјите во регионот
Следен напис Функции што ги доби Алтернатива во новата влада: Заменик министер за земјоделство, Директор на Агенција за странски инвестиции, раководител на ПЕ на МЗШВ- Долнени…
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?