Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Бимилк организираше посета на краварска фарма за децата со оштетен слух и говор


По повод Светскиот ден на детето, кој се прославува на 20 ноември, Бимилк организираше изненадување и незаборавно искуство за децата од Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други попречености „Кочо Рацин“ од Битола. Имено, децата од Заводот ја посетија фармата „Пивко“ во селото Могила, каде што на интересен начин одблизу се запознаа со патот на млекото, а истовремено и се забавуваа.

Од стручните лица во фармата и со помош на толкувач на знаковен јазик, децата од Заводот, преку прошетка низ фармата, научија нешто повеќе за првата фаза од производството на нивното омилено Битолско млеко. Преку дружење со кравите, надвор од училишните клупи, децата учеа за исхраната и грижата за кравите, како услов за добивање висококвалитетно млеко. Тие имаа можност да ги помилуваат и да ги нахранат малите телиња и кравите, а со тоа и да ја развијат својата љубов кон нив, но истовремено и својата љубов кон млекото и млечните производи.

„Бимилк, како компанија што секогаш се грижи за децата и за нивниот раст и развој од секаков тип, оваа година одлучи Светскиот ден на детето да им го посвети на децата од Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух и говор ’Кочо Рацин‘ од Битола. Оваа посета беше организирана со цел директно запознавање со првичната фаза од млечната индустрија низ еден интересен начин. Искрено, верувам дека оваа едукативна посета на краварската фарма не само што им го разубави секојдневието на децата од Заводот за рехабилитација, туку беше и можност да научат многу нови работи за производството на млекото“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.

„Изразуваме искрена благодарност до Млекара АД Битола за организацијата и реализацијата на оваа едукативна посета наменета за децата со оштетен слух, говор и глас од Заводот за рехабилитација ’Кочо Рацин‘. Ваквиот тип посети се од исклучително значење за образовниот процес на децата, како и за нивниот професионален развој. Се надевам дека соработката со Бимилк ќе продолжи и во иднина преку реализација на вакви и слични активности“, изјави д-р Валентина Стојкоска, директор на Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други попречености „Кочо Рацин“ од Битола.

Бимилк и во минатото го одбележуваше Светскиот ден на детето преку донации на свои производи и едукативни работилници за најмалите, а тоа ја прави една од општествено одговорните компании во државата што во фокусот ги имаат токму децата.

Извор:Алсат-М

Ное 20, 2019agrotim2
АХВ: Колете ги свињите на чист простор и без многу публикаМЗШВ објави оглас за земјоделско земјиште до 3 хектари во Светиниколско

Напишете коментар Откажи одговор

20/11/2019 МагазинБимилк, Деца со оштетен слух, Краварска фарма198

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019