Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Облачно и студено време, врнежи од снег во јужните делови од земјава
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Облачно и студено време, врнежи од снег во јужните делови од земјава
Агропрогноза

Облачно и студено време, врнежи од снег во јужните делови од земјава

Објавено 16/01/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Претпладне во јужните делови од земјава ќе има повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Максималната температура ќе се движи од минус 4 до 3 степени.

Во Скопје времето ќе биде умерено облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне да 0 степени.

Во текот на ноќта и утрово e облачно, a во јужните делови со врнежи од снег. Дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималните температури се движеа од -10 во Крушево, -8 Битола и Берово, -6 Крива Паланка, -5 Претор, Дебар и Куманово, -4 Охрид и Прилеп, -3 Тетово и Штип, -2 Петровец и Струмица, -1 Скопје и Демир Капија, до 0 во Дојран.

Во изминативе 24 часа најмногу дожд наврна во Претор и Битола од три литри на квадратен метар.

Висината на на снежната покривка во 7 часот утрово изнесува 32 сантиметри на Попова Шапка, 23 во Битола, 10 во Охрид и Крушево, 8 во Претор, 7 во Маврови Анови, 5 во Берово, 4 во Дебар, 2 во Крива Паланка и Тетово и 1 сантиметар во Пожаране.

Локални врнежи од снег ќе има и утре кон крајот на денот, особено во северните делови. Од понеделник ќе преовладува стабилно и суво време, а до вторник дневните температури во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата.

МИА

Може да ви се допадне

За викендот сончево и многу топло до 40 степени
Сончево и многу топло, попладне можен локален дожд
За викендот сончево и многу топло, од вторник грмежи и засилен ветер
Сончево и топло до 38 степени
Топло време со услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи
Таг:облачноснегстудено време
Претходен напис Бил Гејтс – земјоделец? Сопственик е на скоро 100.000 хектари земја!
Следен напис Бесплатен ски викенд во битолскиот скијачки центар „Нижо Поле”
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?