Купувањето на замрзната риба е потполно нормална пракса денес, бидејќи, како прво, секогаш е достапна а како второ поевтина.
Иако е подостапна и поевтина, луѓето некако се скептици спрема замрзнатата рибата во супермаркет, бидејќи не знаат колку долго стоела таму и се сомневаат дека во неа не останало ништо од хранливите состојки. Е па можете, да здивнете и без грижа на совест да посегнете во замрзнувачот по риба бидејќи истражувањата покажале дека таа всушност, е исто така квалитетна и свежа.
Додека свежата риба може да трае само два или три дена после уловот, замрзната може да стои четири до шест месеци во замрзнувачот и сеуште ги има сите здравствени предности. Научниците од Норвешка ги истражуваат новите методи и начинот на кој рибата се обработува, замрзнува и одмрзнува за да овозоможи најдобар квалитет на рибата во текот на целата година.
За да се намали ризикот од паразити кои можат да се најдат во свежата риба, важно е само, да се исполнат три темелни услови:прво рибата мора да се замрзне веднаш после уловот, а после тоа мора да остане замрзната на стабилна и ниска температура цело време, што доведува до замрзнување без никаков прекин. Исто така одмрзнувањето мора да се одвива непосредно пред рибата да почне да се подготвува.
Квалитетот на рибата која минувала низ одредени тестови била добра 10 дена после одмрзнување. Тоа значи дека била без бактерии, а текстурата и бојата биле со врвен квалитет бидејќи рибата правилно била замрзната, пишува Daily Mail.
Брзото замрзнување е забрзан процес во кој рибата се замрзнува веднаш откако ќе се улови. Се става на ултра ниска температура, обично -28 степени Целзиусови, што е доволно рибата да замрзне за само неколку секунди.
Стручњаците ги потсетуваат купувачите да ја проверуваат рибата што ја купуваат за да бидат сигурни дека не мириса, дека нема оштетувања од мрзот, како и да купуваат од сигурни добавувачи. Инаку, дали рибата која ја купувате е фатена пред два дена или пред два месеца, се додека е правилно замрзната и одмрзната, потполно е неважно.
Извор: net.hr
