Јавната Установа Национален Парк „Маврово“ согласно своите надлежности и планови за работа, како и годишната програма за работа, вчера, 26.10.2022г. успешно го заврши „есенското” порибување на водите на територијата на паркот.
Оваа е редовна активност на паркот и истата согласно програмата за порибување се реализира по втор пат оваа година. Првото или „пролетното” порибување за 2022 година се изврши во месец април. Главна цел од спроведувањето на овие активности е збогатување на рибниот фонд на водите на територија на националниот парк.

Како и претходниот пат така и сега Мавровското Езеро беше порибено со 200 кг крап и 100 кг поточна пастрмка (Salmo Faroides) , а реката Радика со 100 кг поточна пастрмка (Salmo Faroides) .
Се порибуваше на неколку локации по течението на реката Радика и Мавровското Езеро.









