Поради дефект на затворач ф-150 мм на ул. „Народен Фронт“ 21, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (потегот од Дом на печат до ул. „Франклин Рузвелт“) и дел од ул. „Васил Ѓоргов“.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Поради реконструкција на пумпениот дел во Хидрофор Бардовци и поставување нова пумпа, денеска ќе има и прекин на водоснабдување во населното место Бардовци во раните утрински часови од 01:00 часот до 10:00 часот.
МИА
