Корисниците од село Мралино, бензинска пумпа „Дади компани“ во Мралино и делови од населбата Дрма во општина Илинден денеска од 6 до 13 часот ќе немаат електрична енергија поради планирани технички интервенции.
Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), по известување добиено од „ЕВН Македонија“, соопшти дека од 9 до 14 часот струја ќе немаат и дел од корисниците во село Нова Брезница во општина Сопиште и во истиот период корисниците од ул. „Христо Татарчев“ бр,49Г и околината кај поранешна фабрика „Црвена ѕвезда“ во општина Кисела Вода.
Од 8.30 до 14.30 часот денеска без електрична енергија ќе бидат и делови од село Инџиково во општина Гази Баба.
МИА
