Поради планирани технички интервенции од страна на ЕВН Македонија, денеска, 10 септември, без електрична енергија во одредени периоди ќе останат корисници во четири скопски општини.
Прекини ќе има на следните локации:
Во општина Бутел, од 08:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата „Радишанска Лево“, поточно првата уличка по трафостаницата „Бел Камен 2“.
Во општина Петровец, од 08:00 до 15:00 часот, прекин ќе има за корисниците од улица 1, во делот околу „Кипер Маркет“, како и за корисниците од улица 5 во Петровец.
Во општина Студеничани, од 08:30 до 14:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од селото Студеничани, во околината на бензинската пумпа „Кувајт Петрол“.
Во општина Карпош, од 09:00 до 14:00 часот, прекин ќе има на улиците „Партизанска 2“, „Ванчо Мицов“ и „Демир Трајко“.
Поради дефект на водоводна цевка на улицата „Коста Абрашевиќ“, денеска од 9 часот без вода ќе останат корисниците од неколку улици во општина Чаир, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Станува збор за дефект на водоводна цевка со пречник од 100 милиметри на улицата „Коста Абрашевиќ“ б.б., поради што со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците Коста Абрашевиќ, Панче Неделковски и Серава.
Од претпријатието посочуваат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот и ќе трае до отстранување на дефектот.
Поради интервенцијата, дел од улицата „Коста Абрашевиќ“, од раскрсницата со улицата „Цветан Димов“ до раскрсницата со „Панче Неделковски“, ќе биде затворен за сообраќај до завршување на работите.
