Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Без Договорот за жито, Украина губи 500 милиони долари месечно
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Без Договорот за жито, Украина губи 500 милиони долари месечно
Агровести

Без Договорот за жито, Украина губи 500 милиони долари месечно

Објавено 17/07/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во случај да се раскине договорот за жито, Киев ќе изгуби околу 500 милиони долари месечно, покажуваат податоците на ОН, Министерството за земјоделство на Украина и украинската царина.

Од август минатата година до јуни оваа година Украина извезла 50,6 милиони тони жито во вредност од 9,8 милијарди долари. Поголемиот дел се извезуваше преку пристаништата. Уделот на испораките преку пристаништето беше 78 отсто, а последните месеци надмина 80 отсто. Остатокот се транспортира преку железница, патишта и траекти.

Од вкупниот обем на испораки на украинско жито, 55,5 отсто или 28,1 милиони тони припаѓаат на Црноморската иницијатива. Остатокот од извозот оди низ Европа преку дунавските пристаништа Измаил, Уст-Дунајск и Рени, изјави за Спутник независниот експерт за индустрија и енергија Леонид Хазанов. Тој изјави дека во таа насока расте и бројот на железнички композиции со жито.

Вредноста на извозот на пченица преку пристаништата е 7,7 милијарди долари, преку Црноморската иницијатива – 5,5 милијарди долари, а преку реките 2,2 милијарди долари. Според тоа, во случај да не се продолжи договорот за храна, Украина ќе губи до 500 милиони долари месечно.

Пресметката е извршена според податоците за периодот август 2022 – јуни 2023 година, врз основа на просечната вредност на тон жито. Информациите за вредноста на извозот на жито се земени од платформата на ОН Comtrade и украинската царина, за обемот е преземена од Министерството за земјоделство, а за испораките од веб-страницата на Координативниот центар на Црноморската иницијатива на ОН.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:договор за житоцрно море
Претходен напис Завршува договорот за извоз на житарки меѓу Украина и Русија: Путин не сака продолжување, Украина се потпира на ОН
Следен напис Второ авионско прскање против комарци утре во Куманово
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?