Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Завршува договорот за извоз на житарки меѓу Украина и Русија: Путин не сака продолжување, Украина се потпира на ОН
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Завршува договорот за извоз на житарки меѓу Украина и Русија: Путин не сака продолжување, Украина се потпира на ОН
Агровести

Завршува договорот за извоз на житарки меѓу Украина и Русија: Путин не сака продолжување, Украина се потпира на ОН

Објавено 17/07/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска истекува важноста на договорот со кој се овозможува безбеден извоз на жита и ѓубрива преку Црно Море, што првпат беше потпишан на 22 јули минатата година и оттогаш неколку пати беше продолжен, а натамошното опстојување на оваа важна иницијатива е неизвесно бидејќи Русија бара исполнување на условите за повторно приклучување на SWIFT .

Повторното поврзување на Руската земјоделска банка со SWIFT, што Европската унија го суспендираше во јуни 2022 година поради нападот врз Украина, е клучното барање на Москва за продолжување на договорот.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, минатата недела во писмо до рускиот претседател Владимир Путин предложи Москва да дозволи Црноморскиот договор за житарки да продолжи неколку месеци, за да и даде време на ЕУ да поврзе подружница на Руската земјоделска банка со СВИФТ.

Црноморската иницијатива, која беше потпишана од претставници на Русија, Турција, Украина и ОН на 22 јули 2022 година, вклучува извоз на украинско жито и храна, како и ѓубрива преку Црното Море од три пристаништа.

Вториот дел од договорот што го потпишаа Русија и ОН предвидува деблокирање на извозот на храна и ѓубрива од Русија, а меѓу главните точки беше повторното поврзување на руската Земјоделска банка со SWIFT, обновувањето на испораката на земјоделска механизација и резервни делови.

Москва посочува дека овој дел од договорот се уште не е спроведен.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:договор за житаркирусијаукраина
Претходен напис Во Вински музеј Кавадарци се одржа Гурмански викенд
Следен напис Без Договорот за жито, Украина губи 500 милиони долари месечно
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?