Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Второ авионско прскање против комарци утре во Куманово
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Второ авионско прскање против комарци утре во Куманово
Агровести

Второ авионско прскање против комарци утре во Куманово

Објавено 17/07/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На подрачјето на општина Куманово, утре во раните утрински часови, ќе биде извршено второто авионско прскање против комарци, информираа денеска од општината и ги повикаа пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите. Во случај да не се изврши третманот, поради неповолни временски услови, дезинсекцијата ќе се одложи за нареден ден, за што кумановци дополнително ќе бидат информирани.

-Се известуваат граѓаните на општина Куманово дека на ден 18.07.2023 година (вторник), во раните утрински часови (од 05:00 до 08:00 часот) на територијата на општината ќе се изврши авионско прскање против возрасна форма на комарци на површина од 1.000 хектари: од кланица во Добрашане по течението на реката Кумановка сè до свињарска фарма во село Речица, по течение на реките Којнарка и Липковка до пругата во Бедиње, населба Долно Којнаре, град Куманово до заобиколниот пат кон населба Карпош до крајот на местото, Менкова колиба, Бабин дол и на потегот до кланица во Добрашане, информираа од општината.

Првата авионска дезинсекција беше спроведена на 22 јуни годинава.

Општината, за авиотретирање со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Биро за лекови, одвои 1.038.400,00 денари со вклучен данок на додадена вредност. Општина Куманово избра и оператор за запрашување против инсекти, дезинсекција, дератизација против крлежи, лебарки и комарци, информираа од одделението за јавни набавки. Општината од буџетот одвои вклучен 1.180.000 денари со вклучен данок на додадена вредност за вршење на оваа дејност.

И на двете јавни набавки, избрани се кумановски компании.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:комарци
Претходен напис Без Договорот за жито, Украина губи 500 милиони долари месечно
Следен напис Портокалова фаза во цела држава до 25 јули, ослободување од работа на најранливите категории
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?