Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бербата им зависи од мигрантите – Италија има потреба од најмалку 200.000 работници
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Бербата им зависи од мигрантите – Италија има потреба од најмалку 200.000 работници
Пазари

Бербата им зависи од мигрантите – Италија има потреба од најмалку 200.000 работници

Последна измена: 06/04/2020 11:05
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Италија секоја година низ т.н Decreto Flussi избира одреден број мигранти кои не се жители на ЕУ, а на кои им е дозволен влез во земјата за да работат во земјоделството.

Ѓорѓио Гори, градоначалникот на Бергамо, еден од најтешко погодените градови од корона вирус, ја замоли италијанската влада да го забрза издавањето на годишната уредба со кој редовно се регулира бројот на работници мигранти кои не се од ЕУ , бидејќи Италија има сериозна потреба од работници во земјоделството, наведува Еуроактив.

Имено, оваа земја секоја година низ т.н  Decreto Flussi (во слободен превод  Уредба  за проток) се избира одреден број на мигранти кои не се жители на ЕУ а на кои им е дозволен влез во земјата за да работат во земјоделството. Најчесто се ангажираат за време на бербата а минатат година таа бројка изнесуваше  30.850 мигранти.

Мигрантите не доаѓаат бидејќи се плашат  од вирусот

„ Поради моменталната ситуација, ни се потребни многу работници како никогаш досега, а колку што слушнав,   многу од мигрантите нема да дојдат  бидејќи се плашат од вирусот. Ни требаат најмалку 200.000 работници и потребно е ова уредба што поскоро да се спроведе бидејќи во спротивно земјоделскиот сектор ќе се најде во тешка ситуација“,  предупредува Гори.  

Меѓутоа има и такви кои никако не се согласуваат со неговата изјава. Еден од примерите е антимигрантската партија Леге.

 „Неверојатно е среде кризата која ја преживуваме да постои некој кој се занимава со луѓето од другите земји, наместо да смислува начин како да ги заштити своите италијани“, изјавил Марко Зани, претставник во Европскиот парламент и лидер на партијата.

Повеќе од 370.000 сезонски работници од целиот свет

Според податоците на италијанската организација на земјоделци Coldiretti, во земјата секоја година влегуваат повеќе од 370.000 сезонски работници од целиот свет кои придонесуваат за  производсто на 25%  од храната.

„Романците се тие кои вршат лавовска работа, а доаѓаат околу 100.000 секоја година. Оваа година ќе ни биде проблем ако поради вирусот не би можеле да дојдат“, изјавил Гори.

Особено се загрижени и во областа Венето, каде се потребни најмалку 65.000 работници за работа во тамошните  земјоделските стопанства. За неколку недели таму почнува бербата на јагоди, шпаргли и тиквички, а ако нема кој да ги собере се ќе пропадне.

Минатата година на ова подрачје биле ангажирани 79.000 сезонци а дури три од пет биле од други земји, главно од Источна Европа.

Може да ви се допадне

Раст на извозот и увозот на земјоделско-прехранбени производи во ЕУ
Кои се добитниците, а кои губитниците во трговскиот договор меѓу Кина и САД?
Советник на Трамп: Британците ќе обожаваат хлорирано пилешко и говедско месо со хормони
Трипуновски: Околу 13.000 тони македонско јаболко извезено во првите два месеци оваа година
Цени на производите на КВАНТАШКИ ПАЗАР – Скопје: Домати 80 денари, пиперки 160 денари за килограм
Таг:италијаМигрантиПотреба од сезонски работници во ИталијаСезонски работници
Претходен напис На американските производители им се советува да го фрлаат млекото
Следен напис Германија ќе носи сезонски работници со авиони
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?