Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бектеши: Наскоро ќе се знае што ќе биде со трговците на овошје и зеленчук кои не ги почитуваат владините мерки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бектеши: Наскоро ќе се знае што ќе биде со трговците на овошје и зеленчук кои не ги почитуваат владините мерки
Агровести

Бектеши: Наскоро ќе се знае што ќе биде со трговците на овошје и зеленчук кои не ги почитуваат владините мерки

Објавено 20/04/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во координација сме со органите на прогонот и инспекциите за три до четири дена ќе информираат, што ќе се случи со трговците на овошје и зеленчук кои не ја почитувале мерката донесена од Владата за да се обезбедат 70 проценти од потребите за домашниот пазар, потенцираше на денешната прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши во одговор на новинарско прашање.

Во однос на прашањето поврзано со мерката за замрзнување на цената на зеленчукот и овошјето, при што дел од производите ги нема во дуќаните и до каде е постапката за лажните фактури кои ги доставуваа увозниците, Бектеши рече дека се во координација со органите на прогонот и детално ќе информираат.

– Во координација сме со органите на прогонот. После пресот имаме и дополнителна координација. Ќе постапат сите надлежни институции во делот на лажните фактури. Ова е согласно моите последни информации кои ги имам од страна на Царинската Управа, а се доставени до нивните колеги од каде што биле увезени овие производи. Инспекциите не потфрлуваат, на почетокот на наредната недела јавноста ќе биде информирана од надлежните институции. Се работи за компании кои се занимаваат со трговија, односно над 95 отсто се компании кои увезуваат, рече Бектеши.

Прашан во врска со преземените мерки од страна на некои членки на ЕУ за воведување забрана за увоз на житото од Украина, Бектеши рече дека во моментов нема одлука од надлежните институции за нешто такво, потенцирајќи дека за земјава приоритет е домашното производство.

– Во моментов нема одлука од надлежните институции, во овој случај од Министерството за економија и Министерството за земјоделие. За нас приоритет е домашното производство, но имајќи предвид дека не покриваме се од домашното производство, последните неколку години, ние ќе направиме големи напори, повикувајќи се на Договорот за слободна трговија во делот на земјоделието, кој неодамна беше потпишан со Украина и секако дека ќе одиме во насока на одлуките кои ќе ги носи ЕУ, потенцираше Бектеши.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бектешизамрзнати цени
Претходен напис Моминско срце, цвет со неверојатна убавина
Следен напис Бектеши: Ако има потреба, ќе се увезува пченица и од Украина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?