Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бачовски: Финансиска поддршка за отворање на нови и јакнење на капацитетите на постојните земјоделски задруги
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Бачовски: Финансиска поддршка за отворање на нови и јакнење на капацитетите на постојните земјоделски задруги
Јавни огласи и повици

Бачовски: Финансиска поддршка за отворање на нови и јакнење на капацитетите на постојните земјоделски задруги

Објавено 13/07/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска го објави повикот за поднесувања на барања за мерката 131 „Економско здружување на земјоделските стопанства за вршење на земјоделска дејност“. Средствата за оваа мерка се обезбедени преку Програмата за рурален развој.

На овој повик може да се пријават сите земјоделски задруги кои се регистрирани во регистарот на земјоделски задруги при МЗШВ, согласно законот за земјоделски задруги.

Средствата од оваа мерка се неповратен грант, истите може да се користат за основање и функционирање на нови земјоделски задруги,  како и за покривање на  основните трошоци за постојните задуги.

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека:

„Новоформираните задруги може да поднесат барање за покривање на трошоци за закуп на простории и објекти за задругата, набавка на канцелариски материјали, компјутери, набавка на компјутерски софтвери за планирање, управување, следење или контрола на работењето на задругата. Согласно критериумите за оваа мерка, новите и постојните задруги можат да аплицираат и за исплата на просечна плата за управителот на задругата, а задругите од голем обем може да добијат финансиска поддршка  за ангажирање на стручен работник од областа на земјоделството или ветеринарството. Според Правилникот за мерката 131 „Економско здружување на земјоделските стопанства за вршење на земјоделска дејност“, првата година се покриваат 100 % од прифатливите трошоци што задругата ги направила за исплата на плати со намалување од 20 % во секоја наредна година во период не подолг од пет години.“ – појаснува Бачовски.

Задругите кои ќе аплицираат за добивање на финансиска поддршка, барањата треба да ги достават во оригинал заедно со целокупната пропратна документација наведена во барањето за финансиска поддршка. Проектите се одобруваат по принципот „прв дојден прв услужен“.

Еден корисник може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања за различни мерки, земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година.

Обрасците „Барање за исплата“ заедно со листата на потребни документи може да се симнат од веб-страницата на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk

Пополнетите барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година заедно со целокупната потребна документација се доставуваат во затворен коверт на кој на предната страна во горниот лев агол стои ознаката “НЕ ОТВОРАЈ“, за Јавен повик број 06/2021 и назначување на шифрата на мерката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта или лично во писарницата на Агенцијата, во спротивно Агенцијата не презема одговорност за ненавремено и некомплетно пристигнување во писарницата  или предвремено отворање на барањето.

Краен рок за доставување на барање за исплата по овој јавен повик е 31 јули 2021 година.

Преку средствата од програмата за рурален развој го развиваме здружувањето и јакнењето на земјоделските задруги затоа што силата е во заедништвото. Клучот за опстанок на малите фарми, за раст и развој на руралните средини е во здружувањето и заедничкиот настап. Владата заедно со Агенцијата ќе продолжат и во иднина да креираат поволни мерки кои ќе помогнат за јакнење на капацитетите на здружувањето. Преку мерките за економско здружување во задруги, директно влијаеме и врз поквалитетно производство, посигурен пласман, профит и цената на домашно произведените земјоделски производи.

Може да ви се допадне

До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Општина Градско распиша јавен повик за пријавување на штети од мраз во земјоделството
Јавен повик за прибирање понуди за градежни работи за логистичко-дистрибутивниот центар во Гази Баба, Скопје
Таг:АФПЗРРБачовскизадругифинансиска поддршка
Претходен напис (Фото) Тие ја имаат најхуманата градина: Сè што се раѓа на нивниот имот, Теодора, Павле и Дарко им го испраќаат на децата болни од рак
Следен напис Битиќи и Петров на средба со израелскиот министер за земјоделство и рурален развој Форер – Примената на модерни технологии носи поголема продуктивност и конкурентност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?