Тутунопроизводителите ги очекуваа субвенциите за последната реколта. Според најавите од директорот на Платежната Агенција ќе се запази рокот кој беше најавен, до крај на април да има исплата.
-Во Агенцијата интензивно се работи на изготвување на решенијата за исплата и очекуваме дека следната недела, односно до крајот на месецот тутунопроизводителите ќе ги добијат субвенциите. Ќе информираме официјално кога ќе започне исплатата – изјави за Агротим, директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски.
Според информациите од МЗШВ, годинава имаше рекордно добар тутун, кој беше класифициран најмногу како прва класа и износот ќе биде околу 26 милиони евра од буџетот на државата за поддршка на тутунопроизводството.
