Романија покрај забраната за увоз, ќе ги надгледува товарите со украинско жито што минуваат низ земјата, објави романското Министерство за земјоделство.
Букурешт ќе спроведе и контрола на квалитетот на прехранбените производи на граничните премини, пренесе Ројтерс.
Романскиот министер за земјоделство Петре Даеа разговарал преку видео врска со неговиот украински колега Микола Солски и го замолил „брзо да идентификува решенија за ограничување на извозот на жита и маслодајни семиња во Романија“.
Двајцата ќе се сретнат во петок во Букурешт.
Британската агенција забележува дека Бугарија им се придружила на Полска, Унгарија и Словачка во привремената забрана за увоз на жито од Украина.
Земјите од Централна и Источна Европа го направија тоа под внатрешен притисок за да ги заштитат своите земјоделски производители.
