Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бачовски : Целосно ќе се искористат 9,2 милиони евра кои се на располагање преку ИПАРД 2 – одобрени над 350 проекти за инвестиции во материјални средства за модернизација на земјоделски стопанства
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бачовски : Целосно ќе се искористат 9,2 милиони евра кои се на располагање преку ИПАРД 2 – одобрени над 350 проекти за инвестиции во материјални средства за модернизација на земјоделски стопанства
Агровести

Бачовски : Целосно ќе се искористат 9,2 милиони евра кои се на располагање преку ИПАРД 2 – одобрени над 350 проекти за инвестиции во материјални средства за модернизација на земјоделски стопанства

Објавено 04/01/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги информира сите апликанти кои во текот на 2020 година, аплицираа за добивање на финансиска поддршка преку ИПАРД 2 програмата, поточно преку  Мерка 1 „Инвестиции во материјални средства за модернизација на земјоделски стопанства “,дека во финална фаза е обработката на барањата кои пристигнаа и беа комплетни на овој повик. Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека се очекува да се одобрат над 350 соодветни барања а апликантите во наредниот период ќе бидат повикани за да ги потпишат договорите.

„Вкупната финансиска поддршка за сите над 350 барања изнесува 9,2 милиони евра. Со потпишуваање на овие договори, целосно ќе биде искористен буџетот за Мерка 1 „Инвестиции во материјални средства за модернизација на земјоделски стопанства“ кои беа одобрени со програмскиот опериод 2014 – 2020, односно, ќе се превземат финансиски обврски за сите расположиви средства од оваа мерка.“ – истакна директорот Бачовски.

Преку оваа мерка се  реализираат инвестиции кои се однесуваат на следните приоритетните сектори: растително, сточарско производство, преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на земјоделското стопанство, производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка.

Финансиските средства по поединечно барање се доделуваат како неповратен грант во износ од: 60% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за оваа мерка. Процентот се зголемува до 65% за инвестиции во земјоделски стопанства предложени од страна на млади земјоделци (физички лица на возраст од 18 години до 40 години на денот на поднесување на барањето за финансиска поддршка) и 70% за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области.

Преку искористувањето на средствата од ИПАРД 2, Република Северна  Македонија ќе обезбеди достигнување на стандардите на Европската Унија кои се однесуваат на квалитет и безбедност на храна, јавно здравје, заштитата на животната средина, заштита на растенијата и на животните, благосостојба на животните, како и поддршка за одржливо управување со природните ресурси и подобрување на условите за живот во руралните средини и руралната економија во целост.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Бачовскиипард 2модернизација на земјоделски стопанства
Претходен напис Во Барселона се отвора најголемиот пазар на органска храна
Следен напис ОН: 2021 ќе биде година на овошјето и зеленчукот
1 коментар 1 коментар
  • Jovica напиша:
    на 04/01/2021 г. во 12:22 часот

    Koga bese objaven ovoj konkurs. Kolku sto znam vo stopiraa zaradi koronata; pa pivtorno go prodolzija rokot i povtorno stopiran. Sega prifateni aplikacii

    Reply

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?