Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ОН: 2021 ќе биде година на овошјето и зеленчукот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ОН: 2021 ќе биде година на овошјето и зеленчукот
Агровести

ОН: 2021 ќе биде година на овошјето и зеленчукот

Објавено 04/01/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Генералното собрание на ОН ја прогласи 2021 година за година на овошјето и зеленчукот. Целта е да се обединат производителите и потрошувачите за да се трансформира системот на исхрана.

Според ОН, Организацијата за храна и земјоделство IYFV 2021, е единствена можност за подигање на свеста кај луѓето за важноста на улогата на овошјето и зеленчукот во исхраната, значењето на здравствената безбедност на храната, како и постигнување на цели за одржлив развој.

-„Мораме да се собереме за да обезбедиме високо квалитетната храна да стигне до најзагрозените, не оставајќи никој позади себе“ – изјави Марчела Вилареал, директорка за партнерство и соработка во ФАО.  

Хелена Леурент, генерална директорка на ФАО партнерот „Consumers International“, додава дека е важно да се видат потрошувачите не само како крајни корисници на производите, туку како активни партнери во промена на целиот систем на производство и снабдување.

Андре Леу, амбасадор на меѓународната организација IFOAM Organics International, изјави дека со оглед на реалноста на климатските промени, вклучувајќи ги екстремните суши и поплави, адаптацијата и еластичноста на призводството сега е од суштинска важност. Добар почеток, предложи тој, би било земјиштето:

– „Враќајќи ја органската материја во земјиштето, можеме да ја зголемиме неговата способност да го впие вишокот на вода и да ја задржи истата. Кога ќе влезат во сушен период, тие земјишта се поотпорни на суша. Во просек овие посеви ќе донесат 30% повеќе приноси од земјиштата со малку органска материја. На тој начин земјоделците ги чуваме за иднината“, смета тој.   

Според зборовите на Вилареал, клучен момент во Меѓународната година на овошје и зеленчук ќе биде самитот на ОН за храна кој ќе се одржи на есен. Целта на случувањата е да се понуди платформа за амбициозни акции, иновативни решенија и планови за трансформација на прехрамбените системи.

Извор:ekapija.com

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:2021овошје и зеленчукон
Претходен напис Бачовски : Целосно ќе се искористат 9,2 милиони евра кои се на располагање преку ИПАРД 2 – одобрени над 350 проекти за инвестиции во материјални средства за модернизација на земјоделски стопанства
Следен напис Зголемен водостојот на Преспанското и Дојранското Езеро
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?