Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бабовски: Сопствениците на опасни кучиња имаат обврска да ги чуваат животните исклучиво во заграден простор
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бабовски: Сопствениците на опасни кучиња имаат обврска да ги чуваат животните исклучиво во заграден простор
Агровести

Бабовски: Сопствениците на опасни кучиња имаат обврска да ги чуваат животните исклучиво во заграден простор

Објавено 09/05/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Многу фирми по социјални мрежи се декларираат дека нудат дресури на кучиња и имаат вработено лиценцирани дресери. Дали Македонија има професија лиценциран дресер одговори Николче Бабовски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство во денешното гостување во „Утрински печат“ за Слободна ТВ.  Бабовски вели дека рекламите се несоодветен начин на информирање.

– Кај нас има овластувања на лица за социјализација на домашните животни, во овој случај на кучињата. Лиценцирани дресери нема бидејќи ниту има закон, ниту пак постои законска основа за такво нешто – вели Бабовски.

Овластените лица кои го спроведуваат тестот за социјализација треба да бидат најмалку од следните профили: кинолошки судија за работа со кучиња од Кинолошкиот сојуз, кинолошки судија со лиценца од Кинолошкиот сојуз, дресер, или водич на кучиња вработен во единиците на Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана, лице кои работи со кучиња вработен во Царинската управа и доктор по ветеринарна медицина.

Овие лица треба да имаат и соодветно работно искуство. Од страна на АХВ, досега се овластени 35 вакви лица.

АХВ нема овластени субјекти за спроведување на ресоцијализација (дресура) на кучиња кои по спроведениот тест за проценка на агресивноста ( тест за социјализација) ќе бидат прогласени за опасни. Сопствениците на опасни кучиња имаат обврска да ги чуваат животните, но, исклучиво во заграден простор, а кога ќе ги шетаат на јавна површина тие задолжително треба да се водени од полнолетно лице и задолжително мора да носат маска.

АХВ има Регистар на опасни бездомни кучиња кои по заловувањето, не го поминале тестот за социјализација. Во интервјуто разговаравме за кучето кое усмрти дете во Пинтија, за состојбата со уличните кучиња, за безбедноста на храната во земјава, но и за многу други теми.

Интервјуто можете да го погледнете на следниот линк

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Николче бабовски
Претходен напис Во Истанбул ќе се одржи состанок на високо ниво за Договорот за житарки
Следен напис Методи на проучување на 6 фенофази на развојот на виновата лоза
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?