Од 10 до 11 мај во Истанбул ќе се одржи состанок на високо ниво за Договорот за житарки, најави рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Вершинин.
-Да, утре и задутре имаме средба на високо ниво во четирилатерален формат во Истанбул – ја пренесе неговата изјав РИА Новости.
Москва претходно соопшти дека нема да го продолжи договорот по 18 мај, кога истекува, освен ако не се отстранат пречките за рускиот извоз на житарки и ѓубрива, пренесе Ројтерс.
