За оние кои имаат подигнато или планираат да подигнат лозови насади, важно е да знаат низ кои фази на развој минува лозата. Периодот на вегетација на винова лоза започнува со движење на сокот во пролетта и завршува во есен со опаѓање на лисјата.
Во текот на вегетацискиот период може да се издвојат следните фази на вегетација – фенофази на развој.
- Движење на соковите (солзење)
- Пораст на ластарите
- Цветање
- Развој на гроздовите
- Зреење на гроздовите
- Созревање на ластарите и опаѓање на листовите
Редоследот на секоја фенофаза е генетски одреден, а должината на траење зависи од сортата, основата на лозата, метеоролошките услови итн.
Методи за проучување на движењето на сокови
Почетокот на движењето на соковите – солзењето, се регистрира кога на пресек на зрелиот ластар или на постариот дел од лозата ќе истече сок. Кога почвата околу коренот ќе се загрее на 6-8 ºC, коренот ја почнува својата активност, почнува да расте, да се разгранува и да ги впива водата и минералите, кои ги турка во надземниот дел на лозата. Почетокот на движењето на соковите зависи од температурата на воздухот и почвата, а потоа и од физичките карактеристики на почвата, видот, сортата и подлогата на лозата.
Во јужните области, оваа фенофаза започнува порано отколку во северните. Фенофазата на движесолзењето трае во просек 10-20 дена.
Методи на проучување на активирање на пупки, растење на ластарите и развој на цвет
Оваа фенофаза се одвива од појавата на пупките до почетокот на цветање. Започнува со набабрување на пупките и растење на нови ластари од пупките на зимските окца, како и од заспаните пупки на постариот дел од лозата. Почетокот на фенофазата се регистрира кога се отвораат првите окца. Масовно отворање на окцата е кога се активираат повеќе од 50% од окцата.
Постојат значителни разлики помеѓу сортите во однос на почетокот на отворањето на окцата – активирањето на окцата. Така, тие можат да се класифицираат според времето на отворање на пупките:
-многу рано
-рано
-средно
-доцна
-многу доцна

Методи за проучување на фазата на цветање
Со отворање на цветните пупки, односно со опаѓање на цветните капи на 3-5% од цветовите, се регистрира почетокот на цветањето. Во наши климатски услови се одвива на крајот на мај и во првата половина на јуни.
Цветањето не се одвива истовремено кај сите видови сорти и на сите соцветија на една лоза.
-Сорти со ран почеток на цветање (Смедеревка, Бургундец…)
-Сорти со среден почеток на цветање (Рајнски ризлинг, Италијански рРизлинг, Семијон, Совињон, Мускат Хамбург)
-Сорти со доцен почеток на цветање (Мускат италија, Кардинал)
Кај повеќето сорти цветањето завршува за 7-14 дена.
Методи за проучување на развојот на гроздови
Оваа фенофаза трае од појавата на гроздот до почетокот на зреењето. Во нашите климатски услови, тоа се одвива од почетокот на мај до средината на јуни. Кај многу рани и рани сорти оваа фенофаза трае околу еден месец, додека кај доцните сорти трае повеќе од два месеци.
Методи за проучување на зреењето на грозјето
Во оваа фаза со промената на бојата се менува и анатомската структура и хемискиот состав на гроздот. Гроздовите стануваат слатки и вкусни за јадење.
Се разликуваат следниве степени на зрелост на грозје:
-физиолошка – семката е подготвена за репродукција
-технолошка – грозје од една сорта најпогодно е за одредени видови преработка
-полна – приливот на нови количини на шеќер и други органски материи во гроздот престанува
Во нашите климатски услови, фенофазата на зреење на грозјето трае 20-60 дена.
Според времето на созревање, сортите се класифицираат во 5 групи.
-многу рани сорти
-Раните сорти
-Средно доцни сорти
-Доцни сорти
-многу доцни сорти
Методи за проучување на растењето на ластарите и паѓање на лисјата
Оваа фенофаза се одвива од целосна зрелост на грозјето до паѓање на листовите. Ова е последна фаза во годишниот циклус на развој на лозата. Се карактеризира со созревање на ластарите, таложење на резервни хранливи материи во ластарите и подготовка на лозите за презимување.
Извор: poljosfera.rs
