Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Азески со домашните бизнисмени околу Законот за јавни набавки на средба со трите регионални комори од Прилеп, Битола и Кичево
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Азески со домашните бизнисмени околу Законот за јавни набавки на средба со трите регионални комори од Прилеп, Битола и Кичево
Агровести

Азески со домашните бизнисмени околу Законот за јавни набавки на средба со трите регионални комори од Прилеп, Битола и Кичево

Објавено 28/09/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Проблемите на компаниите за поголем и поквалитетен локален економски развој беа предмет на дискусија на состанокот што претседателот на Стопанската комора Бранко Азески го имаше со бизнисмените од регионалните комори во Прилеп, Битола и Кичево, во присуство на градоначалникот на градот Дејан Проданоски и претставници на Управниот одбор на СКСМ.

Клучен проблем на кој треба да се работи е промена и интервенција во Законот за Јавни набавки согласно кои на површина ќе треба да излезат повеќе сегменти меѓу кои понуда за квалит а не најниска цена и учество на домашни компании како приоритет пред странските. Претседателот Азески информираше дека за измените во овој закон во интерес на бизнисот, СКСМ е подготвена да го поддржи поедноставувањето на постапките и на процедурите за издавање разни видови дозволи, документи и сл., кои треба да ги обезбедат државните институции за бизнисот заради негово непречено функционирање. Прифаќањето на предлозите на Комората се во насока и на интензивирање на борбата против корупцијата и дигитализацијата на процесите.

На состанокот се разговараше и за Недела неработен ден и Законот за празници се иницираат за кои во следниот период е потребна поширока дебата имајќи во предвид различните ставови мислења и искуства.

Од Регионалната комора Прилеп беа предложени три иницијативи:

– Иницијатива за намалување или привремено укинување на царинските давачки за суровини за кои во одреден период не постои доволно домашно производство. Ограничената достапност на домашна суровина во комбинација со високите увозни давачки, го отежнува навременото обезбедување на потребните количини и ја ограничува можноста на домашните компании да одговорат на барањата на странските купувачи. На долг рок, ваквата состојба може да доведе до губење на постојните извозни пазари, намалување на производството, ограничување на можностите за проширување на деловната активност и намалување на потенцијалот за отворање нови работни места и зголемување на извозот.

– Иницијатива за измена и унапредување на законските решенија во делот на боледувањата, од аспект на влијанието што подолгите отсуства од работа го имаат врз компаниите, организацијата на работниот процес и финансиското работење на работодавачите преку: потреба од прераспределба на работните задачи; ангажирање дополнителен кадар или прекувремена работа; нарушување на континуитетот на производниот процес; зголемување на оперативните трошоци; потешкотии во исполнувањето на роковите кон клиентите; намалување на продуктивноста и ефикасноста на компаниите; дополнителен притисок врз малите и средните претпријатија. Иницијативата не е насочена кон ограничување на правото на работникот на боледување, ниту кон доведување во прашање на медицинската проценка. Напротив, целта е да се воспостави систем во кој оправданото боледување ќе биде целосно заштитено, а евентуалните злоупотреби ќе бидат поефикасно спречувани и контролирани.

– Иницијатива за санација и подобрување на патниот правец Прилеп – Ракле, како прашање поврзано со развојот на регионот и реализацијата на инфраструктурните проекти. Оштетените делови од аспект на деловната заедница има повеќекратно влијание врз транспортот и секојдневното работење на компаниите, особено на оние кои овој патен правец го користат за транспорт на стоки и суровини.

На средбата беше констатирано и дека квалитетна и брза нова патна и железничка инфраструктура и гасоводот се клучните за развој на Пелагониско – преспанскиот стопански регион кој во БДП учествува со 14 проценти. Во Пелагонија и Преспа се 8.600 стопански субјекти, регионот бележи раст од 3,5 проценти и зголемен извоз. Има и 10 нови компании.

Стопанска комора

Може да ви се допадне

МЕРМС: Голем интерес за обновливи капацитети, со системски решенија за реални проекти и побрза реализација
КЗК: Контроли во 30 откупни центри на земјоделски и градинарски производи, констратирани можни прекршувања на прописите
АХВ по повод Денот против беснило: Домашните миленици редовно да се носат на вакцинација и да бидат микрочипирани
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје: Водата е безбедна за пиење
Истекува мерката со која ДДВ за дизелот беше намалено од 18 на десет проценти
Таг:азескиБитолајавни набавкиКичевоПрилеп
Претходен напис КЗК: Контроли во 30 откупни центри на земјоделски и градинарски производи, констратирани можни прекршувања на прописите
Следен напис МЕРМС: Голем интерес за обновливи капацитети, со системски решенија за реални проекти и побрза реализација
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?