Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Асоцијација на земјоделци: Државата веднаш нека ни ги даде слободните површини за да засадиме пролетна пченица, мерките ќе имаат ефект само ако не се одолговлечат
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Асоцијација на земјоделци: Државата веднаш нека ни ги даде слободните површини за да засадиме пролетна пченица, мерките ќе имаат ефект само ако не се одолговлечат
Агровести

Асоцијација на земјоделци: Државата веднаш нека ни ги даде слободните површини за да засадиме пролетна пченица, мерките ќе имаат ефект само ако не се одолговлечат

Објавено 27/03/2022
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За произведувачите на пченица во Македонија мерките кои ги најави министерот Николовски ќе имаат ефект само доколку не се одоговлечат. Предупредуваат дека ќе биде голема грешка доколку почнат да се реализираат по период подолг од 30 дена.

“Нам земјоделците сега ни се потребни површините кои не се издадени, а се на располагање, сега ни е потребна помошта која државата планира да ни ја даде за да можеме да набавиме семе- пролетна пченица, пролетен јачмен, пченка, овес, сончоглед и сите други зрнести производи, вели во интервју за “Локално” претседателот на Асоцијација на земјоделци на Маедонија, Петар Стојковски. Како подеднакво сериозно стравување тој го посочува недостигот на вештачко ѓувриво, но и неговата покачена цена.

Доколку не се стави доволно хранлива материја во почвата кадешто е засеана пченицата,според Стојковски, производството ќе биде многу помало и помалку квалитетно. Соочени со дилемите зошто Македонија изгуби толку многу години без соодветен третман на земјоделството, забележува дека “конечно ќе ни дојде паметот преку ситуација која е далеку од добра’’.

“Соочени со криза предизвикана од војна ние сфативме дека треба да имаме наше производство.Тоа требаше да го разбереме уште многу порано’’,вели Стојковски.

Недостигот на доволни количини пченица кој е веќе со недели меѓу првите вести во светот го вклучи и црвениот аларм во нашата држава. Се чини најавата на Србија дека ќе ни ги достави потребните зрнести производи, успеа да ги неутрализира првичните стравувања, но останува дилемата дали и до кога Македонија треба да се потпира на туѓа помош?

Оваа криза не се чувствува само во Македонија, туку во целиот свет. Сите знаеме дека војата во Украина е причината. Ние во државата произведуваме одредена количина пченица, но таа не е доволна да ги задоволи потребите на годишно ниво. Тоа значи дека сме зависни од увоз на лебно зрно (пченица) и во “нормална’’ година. Оваа година Министерството за замјоделие веќе има постигнато договор со Р. Србија за увоз на пченица во количества доволни за до почетокот на жетвата, но јас се плашам од друг проблем. Нема доволни количини вештачки ѓубрива, а оние коишто можат да се најдат со одреден тип ургенција, се прескапи. Тоа значи дека ние нема да ставиме доволно количина хранлива материја во почвата каде што е засеана пченицата, па оттука и стравувањата дека после жетвата, ќе се соочиме со дополнителен проблем во однос на пченицата. Мислам дека нема да има доволно пченица како што планираме. Штом не е доволно прихранета, тоа значи дека ќе имаме послаб квалитет и на пченицата, но и на брашното.

Од каде Македонија го набавува вештачкото ѓубриво?

Околу 80% од вештачкото ѓубриво ние го увезувавме од Русија и од Украина. Увезувавме и од Бугарија, но состојките од кои се прави вештачко ѓубриво во Бугарија доаѓаа од Русија. 20% увезуваме од Грција и од други европски земји. Апелиравме до Министерството за земјоделие да излезе во пресрет на земјоделците. Неопходно е надлежните да најдат доволна количина на вештачки ѓубрива и да ни обезбедат финансиска подршка бидејќи се многу поскапени. Министерството донесе одлука 25% од трошоците за вештачко ѓубриво да ги покрива Владата на РСМ. Тоа е околку 2.500 денари по хектар, а овој поврат ние треба да ги очекуваме како помош од страна на државата.

Долги години сте во земјоделието како произведувач на пченица. Дали актуелна криза и се погласните предупредувања за можен недостиг на храна конечно ќе помогне да се освестиме и да си ги признаеме досегашните грешки во однос на недоволниот третман на земјоделството во државата ?

За жал, конечно ќе ни дојде паметот преку ситуација која е далеку од добра. Соочени со криза предизвикана од војна ние сфативме дека треба да имаме наше производство.Тоа требаше да го разбереме уште многу порано. Ние се третираме како аграрна земја, а од друга страна имаме огромни површини кои не се посеани. Сега, преку мерките на Министерството ќе биде објавен оглас кој предвидува целокупната земја која е на располагање, а не е издадена, да им се издаде на земјоделци кои ќе произведуваат пченица.Таквата ситуација требаше одамна да се регулира, тоа е сега повеќе од очигледно. Ако сме земјоделска држава, тогаш навистина треба да се однесуваме во согласност со тоа, да утврдиме што е потребно за да имеме доволна количина пченица бидејќи имаме доволно хектаража на која можеме да ја произведуваме без да зависиме од увоз.

Што не спречуваше досега да садиме пченица на расположливите обработливи површини? Што се случува со Пелагонија која во периодот пред осамостојување беше најголема житница во државата?

Во време на Југославија, 60 % од потребите на Македонија ги задоволуваше токму ЗИК Пелагонија – Битола.Сегашната површина е иста како и поранешната, но стопанствениците на кои што им е издадена земјата не се однесуваат одговорно во однос на производството на пченица, односно не посветуваат доволно внимание на земјоделието.

Министерот Николоски најави низа мерки за подршка на земјоделството. Дали според Вас оваа стратегија е задоцнета и несеопфатна ?

Мерките не се задоцнети во однос на пролетната сеидба. Но,доколку почнат одоговлекувања за да се завршат некои тендери за да се добијат површини за пролетна сеидба, тогаш тоа ќе биде голема грешка. Нам земјоделците сега ни се потребни тие површини, сега ни е потребна помошта која државата планира да ни ја даде за да можеме да набавиме семе- пролетна пченица, пролетен јачмен, пченка, овес, сончоглед и сите други зрнести производи. Доколку интервенира по три месеци, тогаш тоа е задоцнето. Ние како земјоделци апелираме да не поминат повеќе од 30 дена од реализација на мерките. По објавување на огласот за земјиште и неговото спроведување, земјоделците кои ќе ја добијат земјата треба да бидат известени за месец дена, бидејќи така ќе имаат време да почнат со обработка. Во таа обработка треба да учествува и државата и тоа со субвенционирање на зелената нафта,семенскиот материјал…. Ние имаме капацитет тоа да го сработиме, меѓутоа немаме пари.

Извор – ЛОКАЛНО

Може да ви се допадне

Резултатите за водата во Гостивар ќе бидат објавени откога ќе одобри Обвинителството
Минималните трошоци во јули 68.498 денари, намалени за 156 денари
Нивото на Дунав во Романија најниско во последните 30 години, нарушен бродскиот сообраќај и земјоделството
Трет третман на терестичка дезинсекција на територија на Општина Куманово
Се чекаат резултатите за заболените во Гостивар, на повеќе места низ градот се дели пакувана вода за пиење
Претходен напис ДВ: Војната во Украина го враќа фокусот на македонските ниви
Следен напис Нѐ очекува променливо облачно време, попладне во југозападните делови локален дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?