Тутунски комбинат Прилеп во централниот пункт, Сокотаб и Алијанса денеска започнаа со преземањето на тутунската реколта во Прилеп. Според најавите, останатите комбинати ќе ги отворат пунктовите в четврток, на 9 декември. Во Тутунскиот комбинат од утринава се ценеше на повеќе ваги, производителите задоволни од првичната проценка, пренесува Radiopela.mk.
– Имаме донесено околу 30 картони, ќе биди околу 500, 600 кг. Ценењето уште не знаеме како ќе биде, се надеваме дека ќе биде добро и нема да биде како лани. Тутунот годинава е многу убав, нема скапан, нема трул, си велиме дека ќе поминеме добро годинава е и помалку тутун – вели Методија Ѓорѓиоски, тутунар од Прилеп.
– Денеска прв пат носиме, многу убаво ни помина, прва – втора и малку трета класа, ама задоволни сме. Донесовме околу 800, 900 кг. Во споредба со лани годинава е поарно, и лани беше, ама годинава е поарно – вели Сеидие Салиоска, тутунар од Прилеп.
Проценителите велат дека сѐ зависи од квалитетот, годишната реколта е со подобар квалитет од ланската.
– Оваа година е поквалитетен тутунот во споредба со лани, релативно има добар квалитет. Ова е втора класа и досега што проценивме кооперантите се задоволни и немаме некој проблем – вели Верче Коцеска, проценител.
Раководството на Комбинатот велат дека сразмерно на поквалитетната реколта, така ќе биде и проценката:
– Очекуваме дека просечната цена ќе биде далеку повисока од она што го имавме минатата година, бидејќи имаме од нашите сознанија на терен, имаме поквалитетна година од лани. Очекуваме дека просечната цена ќе биде драстично поголема од лани, кога се движеше околу 160 ден за кг. Имавме правилен распоред на врнежи имавме добро сушење на тутунот. Од терен нашите реонски служби кажуваат дека оваа реколта има подобар квалитет, споредбено во однос на ланската е да не речам далеку подобра од лани. Во населените места стартуваме во четврток во полн капацитет, на 21 откупен пункт со 31 вага и очекуваме дека целата количина што ја имаме договорено со нашите кооперанти во целост ќе биде откупена – изјави Кирил Станкоски, генерален директор на Тутунски Комбинат АД Прилеп и посочи дека, исто како и минатите години, како тутунот се откупува, веднаш наредниот ден ќе се врши исплатата.
Остатокот од текстот можете да го прочитате на radiopela.mk.
