Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Аплицирајте за поврат на средства во висина до 30% за купување на сончеви термални колекторски системи во домаќинствата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Аплицирајте за поврат на средства во висина до 30% за купување на сончеви термални колекторски системи во домаќинствата
Агровести

Аплицирајте за поврат на средства во висина до 30% за купување на сончеви термални колекторски системи во домаќинствата

Објавено 26/04/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

И годинава Министерството за економија ќе ги надомести дел од трошоците за купување на сончеви термални колекторски системи во домаќинствата (колектор, резервоар за топла вода, потребна инсталација). За оваа намена издвоен е буџет во износ од 15 милиони денари и треба да се опфатат над илјада домаќинства. Кофинансирањето ќе биде до 30 отсто, но не повеќе од 15 илјади денари за домаќинство.

Услов е купувачите досега да не користеле средства од Буџетот на Република Северна Македонија за купување сончеви термални колекторски системи во својот дом.

Право на учество на овој јавен оглас имаат лицата кои имаат купено и вградено сончеви термални колекторски системи во своите домови во периодот од денот на објавување на јавниот оглас до 31.07.2023 година.

За да аплицирате за овој оглас потребно е да пополните:

-БАРАЊЕ за искористување на правото на надоместок што може да се подигне во архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на министерствотo www.economy.gov.mk.

БарањеПреземи

-ДОКАЗ во оригинал дека е извршено купувањето на сончеви термални колекторски системи, и тоа: фискална сметка (со датум од денот на објавување на јавниот оглас до 31.07.2023 година) или фактура со извод од деловна банка или уплатница (со датум од денот на објавување на јавниот оглас до 31.07.2023 година)

-ИЗЈАВА заверена на нотар со датум од денот на објавување на јавниот оглас до 31.07.2023 година (образецот на изјавата ќе може да се подигне во архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на министерството: www.economy.gov.mk).

ИзјаваПреземи

-ФОТОКОПИЈА од лична карта на барателот

-ТРАНСАКЦИСКА сметка на барателот

Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на надоместок.

Барателите треба да ги достават комплетно сите потребни документи ставени во затворен плик до архивата на Министерството за економија секој работен ден од 9:30 до 15 часот или по пошта на следната адреса: „Јуриј Гагарин“ бр.15.

На пликот треба да биде назначено дека е за ЈАВЕН ОГЛАС ЗА НАДОМЕСТУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ТРОШОЦИТЕ ЗА КУПУВАЊЕ НА СОНЧЕВИ ТЕРМАЛНИ КОЛЕКТОРСКИ СИСТЕМИ ВО ДОМАЌИНСТВАТА ЗА 2023 ГОДИНА, заедно со ИМЕ И ПРЕЗИМЕ и АДРЕСА на барателот.

Доделувањето на надоместокот ќе се врши по принципот ,прв дојден прв услужен”.

Листата на баратели кои го остваруваат правото на надомест ќе биде објавена на веб страната на Министерството за економија најдоцна до 30 Септември годинава.

Повеќе на линкот: Mинистерство за економија за надоместување на дел од трошоците за купување на сончеви термални колекторски системи во домаќинствата за 2023 година

Може да ви се допадне

СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Таг:сончеви термални колекторски системи
Претходен напис Од 1 мај Турција воведува увозни царини од 130 отсто за одредени житарки
Следен напис Франција се подготвува наесен да започне со вакцинација на живината за да ја заштити од птичји грип
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?