Турција најави дека ќе воведе царини од 130 отсто за увоз на одредени житарки, вклучително и пченица и пченка.
Оваа одлука ќе стапи на сила на 1 мај, пренесува Ројтерс.
Турските царини за увоз на житарки, кои претходно беа укинати, доаѓаат откако некои земји од ЕУ минатата недела забранија увоз на житарки од Украина.
Некои трговци тврдат дека Турција го повлекла овој потег за да го заштити својот земјоделски сектор пред претседателските и парламентарните избори на 14 мај.
Во мај во Турција започнува жетвата на пченицата и јачменот.
Оваа земја ги намали царините за увоз на жито и други земјоделски производи на крајот на 2020 година, а ги укина пред една година.
