Аплицирајте за мерката 1.10 дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за овошје предадено во преработувачки капацитети.
Кај подмерката 1.10 како корисници се јавуваат земјоделски стопанства кои имаат имаат засадено површини со следните овошни видови: праска, вишна, малина, капина, аронија, гоџи бери, кајсија, јагода и калинка, и се корисници на подмерката 1.8 Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади.

Оствареното производство, потребно е, да биде предадено во преработувачки капацитет за овошје директно, или преку еден регистриран откупувач во период од 26 декември 2022 година до 25 декември 2023 година, вклучително и произведените градинарски култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.
Повеќе информации на https://www.ipardpa.gov.mk
Крајниот рок за аплицирање е 30.12.2023г.
