Компанијата “БУЧЕН КОЗЈАК ,, добитник на признанието “Македонски квалитет 2023”
Десет компании преку нивните преставници го добија престижното Признание ,,Македонски квалитет 2023,, кое традиционално го доделува Сојузот на стопански комори под покровителство на Претседателот на P.C.Mакедонија.
Свечениот настан се одржа во претседателската резиденција „Вила Водно“, а признанијата ги доделија претседателот г-дин Стево Пендаровски и претседателот на Сојуз на стопански комори г-дин Трајан Ангелоски.
Од своето основање во 1983 год., до денес “Бучен Козјак” ДОО успешно се занимава со основната дејност – преработка на млеко и производство на сирења. Спојката меѓу традиционалниот начин на производство и на барањата на потрошувачите, веќе четири децении компанијата ја прави препознатлива на пазарот по својот вкус, квалитет и иновативност.
Бучен Козјак работи согласно со ХАСАП и ХАЛАЛ и стандардот за квалитет ISO 9001:2015, коишто се применуваат во прехранбената индустрија за исполнување на стандардите за квалитет