Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ангов: За Велигден и 1 мај Дојран ќе биде полн со гости
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Ангов: За Велигден и 1 мај Дојран ќе биде полн со гости
Агровест

Ангов: За Велигден и 1 мај Дојран ќе биде полн со гости

Објавено 29/04/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Деновиве пред празниците во Дојран веќе се чувствува поголема раздвиженост на гости чија фреквенција од денеска попладне очекуваме да се зголеми и својот врв да го достигне во недела, на денот Велигден и Први мај кога очекуваме конкретно во Стар Дојран да престојуваат од десет до дванаесет илјади гости, изјави за МИА градоначалникот Анго Ангов.

Посочи дека максимумот на гости во Дојран секогаш се случува токму во недела од причина што тогаш за прославување на празниците кон Дојран се упатуваат и сите еднодневни гости, особено од југоисточниот регион на земјава.

-За продолжениот празничен викенд ќе бидат полни со гости сите викендици, комерцијалните капацитети и приватните издавачи на соби. Сите тие секогаш ни се добредојдени во Дојран и од името на локалната самоуправа и кризниот штаб апелирам до нив доследно да ги почитуваат здравствените протоколи и да ги применуваат мерките за заштита од Ковид-19 и покрај нивното мало олабавување, нагласи Ангов.

Поради почитувањето на антиковид мерките, Ангов потецира дека на терен постојано ќе има патролни екипи кои ќе го надгледуваат однесувањето на гостите и кои, доколку навистина бидат принудени, ќе ги санкционираат недициплинираните гости.

Ангов посебно ги замоли сите што ќе престојуваат во Дојран за време на празниците да се однесуваат заштитнички кон зелените површини кои се во финална фаза на уредување и да не палат скара на нив, со што ќе дадат голем придонес Дојран на време да се подготви и за следната летна туристичка сезона во која, доколку се кренат граничните рампи, повторно се очекува враќање на странските туристи од Србија на пропатување кон Грција.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

„Македонцки феномен“: Туѓиот успех не го инспирира, туку го вознемирува и затоа го омаловажува
Вентилатори и ролетни како решение: Зошто нема повеќе климатски услови во Европа?
МЗШВ: Известување за претпазливост
Петто издание на винскиот фестивал во Охрид
Поради ремонт на пругата Скопје-Зелениково за „Градскиот воз“, од утре времено без возови од Скопје за Велес, Гевгелија и Битола
Таг:dojran
Претходен напис Луксузен хотел под земја: Има 5 ѕвезди, а една ноќ во сезоната чини 2.000 евра
Следен напис Нуредини: Со Планот за управување со Националниот парк „Шар Планина“ ќе се гарантира заштита на биолошката разновидност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?