Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Аневска: Водата од гостиварскиот водовод може да се користи за лична хигиена и миење садови
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Аневска: Водата од гостиварскиот водовод може да се користи за лична хигиена и миење садови
Агровести

Аневска: Водата од гостиварскиот водовод може да се користи за лична хигиена и миење садови

Објавено 27/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Водата од градскиот водовод во Гостивар може да се користи и за миење чинии, прибор за јадење, чаши и останати кујнски садови, појаснија надлежните во одговор на новинарско прашање „За што точно може да се користи водата во Гостивар откако е одобрена за техничка употреба“. Забраната за пиење и подготовка на храна останува.

Надлежните уверуваат дека водата е прочистена од фекалии.

Експертот од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Емилија Антовска информираше дека во изминатите денови екипи секојдневно земале примероци од шест локации низ градот, директно кај крајни потрошувачи.

„Бевме на терен секојдневно, екипите земаа примероци од шест локации во градот од краен потрошувач. Кај сите три дена последователно има отсуство на колиформни бактерии, а со оглед дека е вршено хлорирање со поголема концентрација од вообичаената, не се констатирани ниту трихалометани. Резултатите се доставени до Кризниот штаб и Агенцијата за храна и ветеринарство“, изјави Антовска.

Според неа, токму овие резултати потврдуваат дека водата може да се користи како техничка, односно за лична хигиена, бањање, миење садови и други санитарни потреби.

„Водата може да се користи како техничка, но за пиење и за подготовка на храна сѐ уште не. Во следните денови ќе го зголемиме бројот на мерни места, а со континуиран мониторинг ќе може да потврдиме кога ќе биде безбедна и за пиење. Не можам да прејудицирам кога ќе може да се пие, но секојдневно сме на терен и во соработка со јавното претпријатие во Гостивар вршиме мерења. За резултатите јавноста ќе биде редовно известувана“, додаде Антовска.

Во изминатиот период, поради забраната за користење на водата, угостителските објекти во Гостивар работеа со пластични чаши, прибор за јадење и садови за еднократна употреба, како дополнителна мерка за заштита на гостите.

Може да ви се допадне

Ангелов: Во Крушево поради прекин на струја еден час не работел уредот за хлорирање на водата, состојбата е стабилизирана и не треба да се споредува со Гостивар
Во ЈЗУ во Гостивар вчера прегледани 127 пациенти со симптоми на ентероколит
Општина Куманово ги повика граѓаните да пријават штети од невремето
Во тек е пријавувањето за СУБВЕНЦИИ за 2026 година!
Водата во Скопје е безбедна за пиење
Таг:АневскаВодатаводоводсадовихигиена
Претходен напис Во ЈЗУ во Гостивар вчера прегледани 127 пациенти со симптоми на ентероколит
Следен напис Ангелов: Во Крушево поради прекин на струја еден час не работел уредот за хлорирање на водата, состојбата е стабилизирана и не треба да се споредува со Гостивар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?