Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Анализите покажуваат дека во моментов нема опасност од ценовен шок, вели Бектеши
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Анализите покажуваат дека во моментов нема опасност од ценовен шок, вели Бектеши
Агровести

Анализите покажуваат дека во моментов нема опасност од ценовен шок, вели Бектеши

Објавено 17/11/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

-Секојдневно правиме анализи и во моментов немаме податоци дека може да се случи ценовен шок. Како што направивме пред една година, ќе направиме пак во делот на преземање на соодветни мерки согласно Законот за трговија и согласно надлежностите што ги има Министерството за економија ако дојде до тоа – порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-Во моментот кога ние ќе предвидиме дека може да има ценовен шок, навремено ќе ја известиме јавноста. Точно е дека има одредени зголемувања на цените за одредени производи. Ако зборуваме за основните производи можеби сме единствената Влада во регионот која во време на пандемија презела такви мерки во делот на замрзнување на цените и во дел на одредување на маржа и за домашното производство, но и за сите производи кои се увезуваат – рече Бектеши во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Согласно механизмите што ги имаме како Министерство за економија и Владата, посочи, мора да се повикаме на Законот за трговија за да се замрзнат цените.

-Во делот на домашното производство можеме директно преку субвенции на одредени производи или производители да влијаеме во делот на цената. Секако дека ќе интервенираме во делот на замрзнување на цените кај производите кои се увезуваат во нашата држава како што направивме пред една година. Значи, можеме да ги намалиме маржите согласно фактурите кои се доставуваат при увоз. Во делот на трговијата на големо и мало можеме да ги намалиме маржите и за маркетите и за малите и за големите и сл. Тоа веќе сме го направиле и сме речиси единствената држава во време на пандемија која ги донесе овие мерки како справување со зголемувањето на цените – потенцира Бектеши.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Бектешицени
Претходен напис Сања Лукаревска на виртуелен семинар ,,Трансформирање на даночните администрации: патоказ за целосна дигитализација и предизвици за имплементација“
Следен напис Бочварски: Утре ја пуштаме за сообраќај обиколницата Штип
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?