Вчера тетовските пожарникари гасеа пожар во околината на Пршовце на пат кон Јегуновце, место оддалечено 15-тина километри, но има села до кои е потребно и еден час да се стигне.
Еден трактор со приклучна цистерна за вода како механизација е основата на која може да се потпрат руралните општините во навремено справување со пожари и спречување на поголеми огнени стихии, вели командантот на тетовската пожарна Ука Алити, анализирајќи го секојдневното искуство летово со гаснењето на опожарени ниви, шуми, депонии, отворени простори но и објекти.
– Брзото интервенирање на било каков пожар е круцијалната работа за негово ликвидирање. Многу пати сме кажале и повторно апелираме руралните општини да најдат начин да имаат некаква единица за брза интервенција додека не дојде противпожарно возило од Територијалната противпожарна единица во Тетово. Летово имавме таков пример во Општина Брвеница, а вчера и во Општина Желино каде на гасење оган во Горна Лешница дојде и трактор со цистерна за вода. Токму вакво возило е основна можност за првична реакција, потенцира тетовскиот пожарникар, изјави Алити.

Вчера тетовските пожарникари гасеа пожар во околината на Пршовце на пат кон Јегуновце, место оддалечено 15-тина километри, но има села до кои е потребно и еден час да се стигне.
– Вчера пред дождот стрништа и нискостебелста шума и меѓи гореа во полето помеѓу Пршовце и Јегуновце, имаше опасност огнот да стигне до производствени капацитети. Полиција беше на увид зошто се сомневаме на намерно палење на ваквите огнови. Најголем успех во нашата работа во полошкиот предел летово што нема големи пожари е што не ги оставаме да развијат, на секој повик од полиција и од другите општини на секој повик буквално сме излегувале на терен, истакна Алити.
Денес во утринските часови пожарникарите интервенираа и на опожарено возило на булеварот „Видео Смилевски-Бато”.
МИА