Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Александар Гргиќ: Земјоделството мора да биде на прво место, а туризмот треба да го надополнува!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Александар Гргиќ: Земјоделството мора да биде на прво место, а туризмот треба да го надополнува!
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВОРурален Развој

Александар Гргиќ: Земјоделството мора да биде на прво место, а туризмот треба да го надополнува!

Објавено 13/11/2020
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Центарот за еколошко образование и дегустација за здрава храна и здрав начин на живеење „Амбиент парк“ се наоѓа во Буденец, пошумен град во близина на Сесветски Краљевец во Хрватска и има дури 400 животни на вкупна површина од 13 хектари. Кози, домашни и виетнамски свињи, елен, муфлони, пауни, коњи пони, магариња, фазани, ноеви, кокошки, гуски, мисирки, патки, а има и лами и зајаци. Сите овие животни се  дел од „Ноевата арка“, кои слободно шетаат на имотот на Александар Гргиќ, повратник од Швајцарија.

Гргиќ вели дека најголемиот дел од работниот ден, кој започнува многу рано и завршува доста доцна, се „врти“ околу семејната фабрика за сирење која преработува пет тони козјо сирење годишно, под наградуваниот бренд „Габриел“ и кој неодамна доби два сертификати од градот Загреб,  за прехранбени производи, кои во однос на квалитетот  се над пропишаниот стандард. Тој додава дека на крајот на краиштата, тој сè уште смета дека земјоделството мора да биде број еден, а туризмот да го надополни со цел неговата татковина, исто како и Швајцарија, да биде успешна земја.

 “Швајцарците имаат  двојно повеќе приходи од туризамот одколку Хрватска,  таков пример е и Виена, а знаеме дека тие немаат море. Но таму туризмот трае поголем дел од годината, барем од Велигден до Божиќ“, посочува нашиот соговорник кој во 2012 се вратил во Хрватска заедно  со своето семејство,  после 25 години живеење во Швајцарија.

Вложил 25 милиони куни, а има и 12 вработени      

Овој фармер , кој речеиси целиот ден го поминува во гумени чизми, во последните 18 години постепено инвестирал 25 милиони куни во голем парк, зелена оаза на спокојство во согласност со принципите на биодинамика, во текот. Последните пет години му биле малку несигурни бидејќи планирал нова инвестициска фаза од најмалку еден милион евра во следните пет години. Но сега оправдано се надева на помош од ЕУ фондовите, бидејќи има сè, од земјоделско производство, преработка до финални производи , а сето тоа заокружено со рурален туризам.

„Може да се  видите што се  успеавме да создадеме со свои раце и средства, кои сега ги враќаме во форма на долгови и кредити“, објаснува Гргиќ, кој  ја отвори вратата на неговата семејна империја, во која доминираат домашни животни.

 Тој зборува за нив со задоволство и посветеност, воодушевен од начинот на кој тие имаат корисен ефект врз животот на една личност и од она што му го носат во моменти кога малкумина имаат време да се „свртат околу себе“

“Поради сето ова и се вративме и не зажаливме.  Иако многу бирократски работо не се во ред, во местото нема ниту една  продавница, училиште, градинка или некој друг деловен субјект, освен земјоделството “, вели тој, додавајќи дека токму поради бирократијата се губат поени, односно не можат да го надминат потребниот праг на јавните повици од ЕУ фондовите.  

Александар Гргиќ вели дека во неговото земјоделско стопанство кое вработува 12 работници, точно се знае кој што работи и сите заедно одат напред и не се откажуваат од целта. Неговиот син Габриел, кој пораснал со долгорочната изградба на Амбиент парк, неодамна активно се вклучил во семејниот бизнис. „Ова е токму она што сакавме да го постигнеме  со преселување во село, да ја задржиме семејната поврзаност,  да создадеме нешто ново, но вредно и благородно, што не може и не треба да се мери само преку материјалната придобивката“вели овој  домаќин.

 Неговото семејно домаќиство има околу 100 кози (француски алпини). Тие слободно можат да пасат во голем заграден простор кој се наоѓа околу фабриката  за сирење, а малку подолу во големиот двор, има голем угостителски објект зад кој се поставени боксови со свињи. Има и заграден прстор каде што чуваат елени но и други животни.

Јас и семејството не сме биле на лекар последните осум години, откако започнавме со одгледување на кози и  производство на козјо сирење, па ако „коза лаже, рог не лаже“, вели Александар Гргиќ.

Секако во фабриката за сирење никој не ја открива „тајната“ за правење на козјо сирење кое се чува  во мешини,  но откриваат дека сакаат да експериментираат со зачини , ореви и сл. Станува збор за модерна фабрика за сирење за која им биле потребни 16 години за да го достигнат ова ниво.

„За среќа, сега имаме двајца млади козари, но многу се откажуваа од оваа работа, иако за Виндија имам обучено околу 20 производители на сирење во текот на сите овие години“, додава тој. Сепак, во Хрватска, вели Гргиќ, веќе подолго време немало поголеми стада со повеќе од 200 кози, а само во Швајцарија има илјада. „Таму, адвокати или други успешни бизнисмени, стојат во ред да наследат фарма за кози, ако нема други наследници, а во нашата земја тоа одамна е синоним за сиромаштија“, посочува овој фармер  на разликите во размислувањето.

Магарињата се неправедно подценети

Александар Гргиќ, иако малку подалеку од својорт „ Амбиент парк“, чува и  25 магариња.

 Гргиќ верува дека магарето е незаслужено најпотценето домашно животно, иако е дел од нашата богата народна традиција. Затоа, тој планира да го удвои стадото за да има повеќе млеко од магаре, што е вреден пазарен производ, и за тоа му требаат работници кои сакаат и знаат како да работат со нив.

Животните се хранат со сено од блиските ливади и пасишта, кои ги изнајмуваат. Житариците ги купуваат од блиските производители, а вистинско богатството е тоа што  јадат исклучиво органска храна, бидејќи исто така им  е  и целата семејната економија, Со тоа се  покажало  дека  со напорна работа човек  може да се справи со многу предизвици и така се создава вреден семеен бизнис.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
Таг:Александар ГргиќАмбиент паркЗемјоделствотуризам
Претходен напис Пченични никулци
Следен напис (Видео) Како да направите мешани никулци од грав
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?