Вкупно 13 пожари на отворен простор низ државата се регистрирани денеска до 13 часот. Од нив, девет се сè уште активни, два се под контрола, а останатите два се изгаснати, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи.
Од активните пожари, во општина Студеничани гори мешана шума.
Ниска вегетација гори во општините Велес, Прилеп, Струга, Новаци, Македонски Брод, Могила.
Ниска вегетација и багреми горат во регионот на село Муждивњак, општина Крива Паланка.
Ниска вегетација и викендица се опожарени на магистрален пат Прилеп – Битола.
Пожарите на градската депонија во општина Делчево и во регионот на кичевското село Манастирско Доленци, каде опожарена е нискостеблеста деградирана шума, се под контрола.
Изгаснатите пожари биле на територија на општините Босилово и Јегуновце. Во село Старо Балдовци гореле ниска вегетација и шамак, додека на подрачјето на село Копанце – шума, ниска вегетација.
МИА
