Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Активен пожарот во непристапниот предел на село Пресница, Липковско
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Активен пожарот во непристапниот предел на село Пресница, Липковско
Агровести

Активен пожарот во непристапниот предел на село Пресница, Липковско

Објавено 08/07/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Надлежните институции сè уште се на терен и го гасат пожарот кој гори веќе една недела во високите планински делови на општина Липково кај селото Пресница, информираа денеска одговорните. Зафатена е ниско-стеблеста и деградирана шума, но и дрвја. Екипа од кумановската подружница на „Национални шуми“ и денеска е на терен.

– Сè уште чади и една екипа од седум вработени од утрово пак е на терен. Вчера беа триесетина лица кои се обидуваа да го ликвидираат пожарот – изјави раководителот на подружницата, Луан Бајрами.

Во еден дел, од северозападната страна пожарот е ликвидиран, но е активен во дел од кај селото Пресница.

Раководителот на РЦУК Куманово, Горан Стојановски, изјави дека пожарот се наоѓа на исклучително непристапен терен.

– Претходно свикавме координација и побарано е да ни бидат достапни сите расположливи материјално-технички средства и човечки ресурси – изјави Стојановски.

Командирот на територијалната противпожарна единица, Дејан Илиевски додаде дека нивни екипи постојано се на терен, меѓутоа противпожарните возилата поради стрмниот предел не можат да пристапат до местото на пожарот.

Изминативе денови пожарот го гасеше и хеликоптер на АРМ. Претходно и СВР Куманово информираше дека презема мерки за расчистување на пожарот во атарот на Пресница и апелираше граѓаните да бидат исклучително внимателни при палење огин на отворено.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:липковскопожар
Претходен напис Цената на малините во Србија го урива рекордот, се продава по 210 денари за килограм!
Следен напис (ВИДЕО) Хоџа: Објавен нов повик од ИПАРД 2, на располагање 9,6 милиони евра за проекти преку мерка 7
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?