Заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, денеска го најавивме новиот повик од ИПАРД 2 програмата. Станува збор за Јавен повик за мерка 7 „ Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ преку кој во наредниот период на микро и малите претпријатија на располагање им се 9,6 милиони евра за реализација на инвестиции во повеќе сектори.
Со денешниот јавен повик за Мерка 7, постојните но и новите претптијатија имаат огромна можност да развиваат нови брендови на пецива, колачи, пијалоци, сместувачки капацитети за рурален туризам преку кој индиректно позитивно ке се влијае и врз развојот на туризмот како и врз локалната економија.
Крајниот рок за поднесување барања е заклучно со 22 август, 2021 година.
Сите заинтересирани, потребната документација може да ја симнат од веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk.
Фејсбук статус на Арјанит Хоџа – министер за земјоделство, шумартсво и водостопанство
