Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Акредитирана студиска програма на англиски јазик на Факултетот за ветеринарна медицина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Акредитирана студиска програма на англиски јазик на Факултетот за ветеринарна медицина
Агровести

Акредитирана студиска програма на англиски јазик на Факултетот за ветеринарна медицина

Последна измена: 19/02/2020 12:18
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Студиската програма на англиски јазик на интегрирани студии по Ветеринарна медицина доби акредитација и решение за почеток за работа од МОН.

Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје успешно ја акредитираше студиската програма по аглиски јазик на прв и втор циклус интегрирани студии по ветеринарна медицина. Решението за почеток на оваа студиска програма е добиено од Министерството за образование и наука. Се очекува уписот на студенти на оваа студиска програма да започне од септември во учебната 2020/2021 школска година.

„Додипломските студии на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје се дефинирани како интегрирани петиполгодишни студии по ветеринарна медицина од прв и втор циклус на студии. Целта на додипломските студии по ветеринарна медицина е формирање на високообразвната квалификација на “доктор по ветеринарна медицина”, која покрај грижата за здравјето на животните, има значителна улога и во јавното здравство и тоа преку обезбедување здрава и квалитетна храна од анимално и растително потекло. Со оваа акредитација од следната година очекуваме студенти на нашиот Факултет да се запишуваат од регионот и од Европа“, објаснува проф. д-р Лазо Пендовски, декан на Факултетот.

Тој објаснува дека наставниот план е дизајниран во насока која овозможува после завршување на академските студии на ФВМС, дипломираниот доктор по ветеринарна медицина да се здобие со компетенции за: лекување на животните; решавање на проблематиката на ветеринарното јавно здравство; учество во заштита на човековата околина; изведување на теренска, клиничка и лабораториска дијагностика; превентивно сузбивање на заразните болести и зоонозите; проектирање и учествување во изработка на програми за развивање и унапредување на дејноста на сточарското производство и производството на прозиводи од животинско потекло и животински прозиводи и развивање на сите облици на заштита на животите и животната средина, негување на етиката и хуманиот однос кон животните.

Информациите за начинот на студирање, за обемот и организацијата на студиските програми како и за наставните содржини за студиите од интегрираниот цилкус – Ветеринарна медицина на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје можете да ги прочитате во продолжение.

Студиската програма на Факултетот за ветеринарна медицина  е во траење од пет и пол години. Се работи за интегрирани студии со 330 кредити, со што се стекнувате со диплома за Доктор по ветеринарна медицина (еквивалент на магистер). Професијата доктор по ветеринарна медицина како во нашата држава така и во Европската Унија е вброена во т.н. регулирани професии (што значи дека таквите професии се од посебен јавен интерес), поради што со посебна директива е одредено времетраењето на студиите (најмалку 5 години), предметите кои треба да се слушаат, како и тоа дека мораат да бидат организирани како интегрирани студии (прв и втор циклус). По завршувањето на факултетот за добивање на лиценца за работа ветеринарите се обврзани на 6 месечен стаж под менторство на ветеринар – практичар, по кој се поднесува барање за лиценца за работа. Лиценцата за работа ја издава Ветеринарната комора и е со важност од 5 години а докторите по ветеринарна медицина се стекнуваат со можноста за отворање на приватна пракса односно амбуланти за животни.

Може да ви се допадне

Трипуновски: Имаме сериозен раст во делот на откупот и пласманот на земјоделските производи според податоците на ДЗС
Младиот компир во струмичко ќе се откупува за 35 денари килограм
(ВИДЕО) Трипуновски: Со откупувачите на младиот компир се постигна договор во корист на земјоделците
Нов проект на Северна Македонија и ФАО, поддржан од Зелениот климатски фонд за управувањето со шумски пожари и зголемена климатска отпорност
Јапонскиот министер за земјоделство поднесе оставка откако се пофали дека добива бесплатен ориз
Таг:Fakultet za veterinaАкредитацијаСтудии по ветерина на англиски јазик
Претходен напис ВНИМАВАЈТЕ: Ако ви ѕвонат од овие броеви од странство, НЕ ОДГОВАРАЈТЕ!
Следен напис Постојаното намалување на светскиот фонд на шумите и шумовитите предели е еден од најголемите светски еколошки проблеми.
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?