Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Акција на ДИЖС долж загаден отворен канал во село Марино
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Акција на ДИЖС долж загаден отворен канал во село Марино
Агровести

Акција на ДИЖС долж загаден отворен канал во село Марино

Објавено 31/05/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image


Државен и овластен инспектор за животна средина детектираа испусти од фекална канализација и од производни и комерцијални субјекти во отворениот дренажен канал што ги зафаќа атмосферските води од општините Гази Баба и Илинден – во должина од 14 километри.

Акцијата се спроведе по пријава од граѓанин кој снимил видео од мост преку каналот во село Марино, каде беше видливо обојување на каналот со бела боја.

Вакви појави се случуваат речиси секоја година во летниот период, кога заради низок водостој на каналите и испуштање на непречистени отпадни води, се менува бојата на водата и се јавува непријатна миризба.

Од теренскиот увид се констатираше дека во каналот се испуштаат непречистени отпадни води од село Марино и потенцијално од 3 правни субјекти и 5 инсталации чијшто надзор вршат овластен инспектор за животна средина (производство на пластика, најлон и текстил) и Државен инспектор за животна средина (фарма, складиште за жито, бензинска пумпа и плинска станица).

Во периодот од 31 мај до 4 јуни, инспекторите ќе спроведат координирани надзори во правните субјекти и инсталациите кои се лоцирани покрај отворениот канал и ќе преземат соодветни мерки.
Општината тековно работи на изградба на фекална канализација во која наскоро ќе се приклучат домаќинствата и правните субјекти и трајно ќе го спречи загадувањето на отворениот дренажен канал кој минува покрај село Марино.

Државен инспекторат за животна средина

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:каналмарино
Претходен напис Обнова на резервоарот за вода во гевгелиското село Ума
Следен напис Индустриското производство во април поголемо за 46,1 отсто
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?