Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро ги демантира информациите во јавноста дека водата од скопскиот водоснабдителен сиистем е небезбедна за пиење поради наводно присуство на бактерија Escherichia coli.
-Како одговорна институција ја информираме јавноста дека АХВ до овој момент нема добиено известување од скопското Јавно комунално претпријатије за незадоволителен резултат од лабораториско тестирање на водата за пиење, што е нивна законска обврска, врз основа на кое би била донесена и забрана за нејзина употреба, наведува АХВ.
Агенцијата апелира, граѓаните да не стравуваат зашто водата во градскиот водовод е безбедна за пиење и употреба.
-Граѓаните не треба да стравуваат. Водата од градскиот водовод во Скопје е безбедна за пиење и употреба, велат од АХВ.
МИА
