Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

„Тиквешки семејни винарии“ со награди на регионални саеми за вино


Донесувањето на Законот за изменување и дополнување на законот за вино, ги олесни условите за малите винарии. Со измената, се овозможи малите винарии да можат законски да го стават нивното вино во промет, да се во склад со сите стандарди за производство на вино, а со тоа во иднина од мали производители да прераснат во поголеми и препознатливи производители на пазарот.
Денеска министерот Трајан Димковски имаше работна средба со здружението „Тиквешки семејни винарии“, кое брои 28 члена т.е мали винарии. Здружението неодамна учесвуваше на BeoWine во Белград, каде традицинално се одржува најголемиот регионален саем за вино со над 130 изложувачи од 14 земји. Четири мали винарии од ова здружение, учествувале со 8 мостри и за сите осум освоиле награди од кои 4 златни, 1 сребрена и три бронзени.
Ова е само потврда дека и малите винарии можат да произведат врвен квалиет, а измените на Законот кои ги направи оваа Влада, докажуваат дека сме ја препознале потребата за рамноправно вклучување на малите винарии на пазарот.
Очекуваме во следниот период да се интензивира регистарцијата на малите семејни винарии, а успехот на ова здружение нека послужи како поттик за сите останати мали винарии.
#МЗШВ уште еднаш покажа дека со своите политики го поттикнува развојот на сите земјоделски гранки и креира мерки кои ги опфаќаат сите земјоделци заинтересирани да ја развиваат својата дејност.

Мар 3, 2020agrotim1
Бензините поевтинуваат за три, а дизелот за 2,5 денари по литарАХВ: Македонските граѓани јадат безбедна храна

Напишете коментар Откажи одговор

03/03/2020 Агровестивинарии, вино, награди, саеми310

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019