Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ ја изрече првата глоба за напуштање мачиња, сторителот казнет 550 евра
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АХВ ја изрече првата глоба за напуштање мачиња, сторителот казнет 550 евра
Агровести

АХВ ја изрече првата глоба за напуштање мачиња, сторителот казнет 550 евра

Објавено 12/08/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска ја изрече првата глоба за напуштање (фрлање) легло на мачиња. Случајот, како што велат за МИА од АХВ, бил пријавен од совесен, хуман граѓанин, а изречената казна е 550 евра.

-Врз основа на известување кое ЈП Лајка го добило од граѓанин (поткрепено со видео снимки и фотографии) за напуштање легло со мали мачиња од страна на физичко лице во парк во близина на трговски центар во Скопје, официјален ветеринар на АХВ  вчера спроведе вонредна инспекциска контрола.  Контролата е спроведена по обезбедена потврда од Министерството за внатрешни работи (МВР) за идентитетот на лицето и регистарските таблички на возилото со кое биле превезувани мачињата.  За прекршок по член 26 од Законот за заштита и благосостојба на животните и член 59 од Законот за ветеринарно здравство, на сторителот му е изречена глоба од 550 евра во денарска противвредност, информира АХВ за МИА.

Не стивнуваат реакциите на сoцијалните мрежи, особено на членовите на фејсбук групите за домашни миленици, кои ja поздравуваат реакцијата на АХВ и изречената казна за напуштените мачиња.

-Огромна благодарност до Агенција за храна и ветеринарство во името на сите нас кои се бориме за правата на животните, особено мачките. Направивте огромна промена со овој случај кој, се надевам, ќе служи за пример. Вакви случки како оваа кај нас се секојдневие. За која било институција да постапи, потребна е пријава. Затоа, пријавувајте во МВР и АХВ, зборувајте во име на тие што не можат да зборуваат за себе, е само еден од коментарите.

- Реклама -
Ad image

Во друг коментар се посочува дека 550 евра парична казна за напуштање мали мачиња е добар почеток за да се изгради систем во кој мачките и кучињата ќе бидат препознаени како живи суштества кои имаат свои права.

-Затоа, не вртете глава. Ако знаете дека некој намерно остава (фрла) мачиња или кучиња – пријавете. Ако сте виделе, ако имате снимка, фотографија или друг доказ, пријавете во АХВ. Не е „туѓа работа“. Ако сте хуман очевидец, не молчете, се додава во коменатрот.

Напуштањето животни може да се пријави на бесплатната телефонска линија 0800 3 2222 – 24/7 или на [email protected]. 

АХВ

Може да ви се допадне

Иротова: Трактор купен со државна помош во 2023 година бил продаден, парите мора да се вратат во буџетот
Обновен рибниот фонд на Преспанското Езеро со околу 7.000 млади крапови
Потврден првиот случај на птичји грип сезонава во Јапонија, ќе бидат уништени 200 илјади кокошки
Делегација на шумарски експерти од Австрија го посети НП Маврово
Управувањето со пожари на ниво на предел како потенцијална алатка за регионална соработка на Западен Балкан
Таг:550 евраахвглобанапуштање мачиња
Претходен напис ЈП „Водовод и канализација“: Комплетно е неточно и најостро демантираме дека во водата во Скопје има Escherichia coli
Следен напис Променливо облачно со сончеви периоди и температура од 37 степени Целзиусови
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?