Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Aгрометеоролозите од УХМР препорачуваат: Земјоделците да ги подготват културите за „влез“ во зимскиот период
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Aгрометеоролозите од УХМР препорачуваат: Земјоделците да ги подготват културите за „влез“ во зимскиот период
Агровести

Aгрометеоролозите од УХМР препорачуваат: Земјоделците да ги подготват културите за „влез“ во зимскиот период

Последна измена: 03/12/2024 10:15
Сподели
2 мин. за читање
530958567
Сподели

Минатата недела беа регистрирани ниски минимални температури кои предизвикаа појава на мраз. Според агрометеоролозите, овој ран, есенски мраз не причинува штети и е помалку опасен, но земјоделците, сепак, мора да ги подготват градинарските, житните и овошните култури за „влез“ во зимскиот период.

– Есенскиот, ран мраз не предизвикува штети зашто во есен е завршен развојот на повеќето едногодишни култури, а некои жита, како и овошките и виновата лоза се подготвуваат за зимско мирување. Во таа фаза се поотпорни на ниски температури или појава на мраз. Иако раните есенски мразеви се помалку опасни, земјоделските производители мора да бидат подготвени, да им овозможат на градинарските, житните и овошните култури подготвени да влезат во зимскиот период, да го намалат потенцијалот на инфекција за следната година и да произведуваат квалитетна култура во раните пролетни денови, нагласуваат агрометеоролозите од УХМР.

Кај лозовите насади се препорачува зимска заштита.

– Кога лозите ќе влезат во фаза на мирување, по паѓањето на лисјата, се препорачува да се покријат ластарите. Најмалку 5-6 окца на ластарот треба да бидат покриени со умерено влажна почва. Овој метод осигурува дека пупките од винова лоза се заштитени од зимски мразови, бидејќи почвата обезбедува дополнителен термички слој што го спречува замрзнувањето, напоменуваат агрометеоролозите.

Извор: 24info

Може да ви се допадне

На почеток на јули – субвенции за МЛЕКО
СТОИЛЕВ СО АПЕЛ ДО ОПШТИНИТЕ: Има интерес и пари за рурален туризам преку ИПАРД, проблем се дозволите за градба
(ВИДЕО) Стоилев: Набрзо ќе има исплати по неколку мерки од програмата за 2024 година, особено во сточарството
Поскапуваат бензините и дизелот
Николовски: Изготвен нов Царински закон
Таг:Aгрометеоролозитеземјоделцитезимскиот периодкултуритеУХМР
Претходен напис Најстудено на Попова Шапка
Следен напис ОН предупредуваат дека глобалната суша носи годишен трошок од 300 милијарди долари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?