Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, успешно го помина вториот надзорен аудит согласно стандардот ISO 9001:2015
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, успешно го помина вториот надзорен аудит согласно стандардот ISO 9001:2015
Агровести

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, успешно го помина вториот надзорен аудит согласно стандардот ISO 9001:2015

Објавено 22/06/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, успешно го заврши вториот надзорен аудит на Системот за менаџмент со квалитет, спроведен согласно барањата на меѓународниот стандард ISO 9001:2015.

Со спроведената надзорна проверка повторно е потврдена усогласеноста на воспоставениот систем за менаџмент со квалитет со барањата на стандардот ISO 9001:2015. Во текот на аудитот не беа утврдени неусогласености, што претставува потврда за ефективната примена на воспоставените процеси и за посветеноста на Агенцијата кон континуирано подобрување на своето работење.

Успешното поминување на вториот надзорен аудит е уште една потврда дека Агенцијата доследно работи на обезбедување ефикасни, сигурни и транспарентни услуги во интерес на корисниците на финансиската поддршка.

Преку континуираното унапредување на системот за менаџмент со квалитет, Агенцијата придонесува за навремено, одговорно и професионално спроведување на мерките за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, со цел да се одговори на потребите и очекувањата на земјоделските стопанства и другите корисници на програмите за поддршка.

Агенцијата и во иднина ќе продолжи да ги унапредува своите процеси и да работи во согласност со принципите на квалитет, транспарентност и континуирано подобрување, обезбедувајќи сигурна и квалитетна услуга за земјоделците и сите корисници на финансиската поддршка.

Афпзрр

Може да ви се допадне

Ребалансот на Буџетот утре на владина седница
Невреме со грмотевици предизвика серија пожари во Далмација
Жетвата на јачменот е во полн ек во Штипско и Овче Поле
Цената на бензините се намалува 3,5 и 4 денари, на дизелот за 7 денари
Жетвата почна, Министерството за земјоделство молчи за цената на пченицата
Таг:ISO 9001:2015Афпзррвториот надзорен аудитстандардот
Претходен напис Невреме со грмотевици предизвика серија пожари во Далмација
Следен напис Ребалансот на Буџетот утре на владина седница
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?