Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Агелер, Трипуновски и Љутков закроија винова лоза и наздравија со вино во Кавадарци 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Агелер, Трипуновски и Љутков закроија винова лоза и наздравија со вино во Кавадарци 
Агровест

Агелер, Трипуновски и Љутков закроија винова лоза и наздравија со вино во Кавадарци 

Последна измена: 14/02/2025 15:22
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Американската амбасадорка Анџела Агелер, како и министрите за земјоделство Цветан Трипуновски и за култура и туризам Зоран Љутков, денеска присуствуваа на закројувањето винова лоза во Кавадарци, во рамките на прославата на празникот Свети Трифун, што се смета за заштитник на лозарите и винарите. 

Трипуновски посака успешна и бериќетна година. 

– Изминативе месеци како Влада, посветивме сериозно внимание во делот на лозаропроизводството, во делот на виното. Минатата година имавме согласно Законот за вино, цена што беше историски највисока. Тоа е еден показател дека навистина покажуваме „сенс“ во делот на оваа битна гранка. Тука не застануваме. Со редовната исплата на субвенциите што минатата година беа заостанати, продолживме со редовна исплата на субвенциите. Така и денеска на сметките на сите лозари, на повеќе од 11.000 лозари легнаа субвенциите од 2024 година, рече Трипуновски. 

Одговарајќи на новинарски прашања, тој додаде дека пред неколку дена заврши конкурсот за избор на научна институција што треба да ја утврдува производната цена за 2025 година. Притоа истакна дека очекува по нивниот извештај да биде соопштена цената, која, како што нагласи,  е повеќе од убеден, ќе биде на задоволство на лозарите, како што, додаде,  беше и минатата година. 

– Во делот на земјишната политика, продолжуваме и во наредниот период и секоја педа земјоделско земјиште да ја ставиме на располагање кај земјоделците. Само така можеме, партнерски, да работиме во делот на зголемување на површините под лозов насад со квалитетни сорти што ќе произведат квалитетно грозје, одговори тој.

На прашање околу винскиот туризам, Љутков рече дека како Министерство за земјоделие и Министерство за култура, поддржуваат голем број на културни манифестации, што всушност го поттикнуваат развојот на винскиот туризам. 

МИА

Може да ви се допадне

Лозарите ги покриваат виновите лози за да ги заштитат од ниските температури
Трипуновски: Ќе ги забрзаме процесите за обештетување на посевите од измрзнување на повеќе култури како што се праска, кајсија, дуња, цреша и други
Првите леи веќе се подговени: Бајрам Лековиќ годинава ќе сади тутун на 1 ха, дупло повеќе од лани
(ВИДЕО) Со затворањето на рускиот пазар, македонските извозници на овошје и зеленчук ги освојуваат пребирливите европски пазари
УЈП: До 27 јануари пријавување за ДДВ-04, досега поднесени само 6.253 пријави
Претходен напис Викендов променливо облачно, од понеделник постудено со дожд и снег
Следен напис Утрото магливо, а потоа променливо облачно со сончеви периоди и повремен дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?