Со Baleski Kristijan не нè поврзува само Валандово. Нè поврзува задругарството во Прва органска задруга ПОЗ, многу заедничка соработка и работа, безброј разговори, радоста на секој извоз, идеи, визии и планови како нашите семејни компании, а со тоа и македонското земјоделие, да станат помодерни, поорганизирани и поконкурентни. Затоа со задоволство го споделувам ова интервју.
А сега нешто за коментарите…
Од речиси 200 коментари, околу 90% се негативни, а само неколку се позитивни.
Денес тоа го нарекуваме хејтерство или тролање, но овој феномен е многу постар од интернетот. Ниче зборува за ресентиман – состојба во која човек, наместо самиот да создава и да се издигнува, чувствува потреба да го обезвредни оној што создава. Туѓиот успех не го инспирира, туку го вознемирува, па се обидува да му ја одземе вредноста преку потсмев, омаловажување или негирање,а сега тоа е полесно од било кога порано.
И ова не е само ,,македонцкиʼʼ феномен. Тоа е стара човечка слабост, осознаена многу пред да постојат социјалните мрежи и затоа не треба да не демотивира,напротив!
Само напред, Кико! ![]()
Фејсбук статус на Душко Гошевски.
