Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 02.07.2026 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 02.07.2026 година
АгровестиАгропрогноза

Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 02.07.2026 година

Спонзорирана содржина
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image
Спонзорирана содржина

Изминатата седмица имавме сончево и многу топло време, со повремени поројни врнежи од дожд на некои места. Пообилните врнежи од дожд кои паднаа на некои места изминативе денови ќе придонесат за подобрување на влагата во почвата.

Сувото и топло време пак единствено беше поволно за жетва на јачменот и пченицата која е при крај, а на некои места е веќе завршена.

Повеќето од културите, се наоѓат во фаза на берба. Житните клубенести култури – компирот во некој региони е во фаза на цветање. За време на цветање, се јавува интензивно формирање на клубени, чиј број и големина во голема мера зависи од условите. За време на овој важен период, кај компирот потребно е наводнување, прихрана, заштита од болести штетници и плевели. Градинарските култури се во интензивен раст и имаат голема потреба за вода. Секоја култура во својот развој има критични фази кон вода, кога има голема потрошувачка на вода и секој недостиг на вода во овие фази силно се одразува на приносот. Некои од овошките во овој период се во интензивен раст со појава на зрели плодови, а некои се во фаза на берба. Кај некои сорти на виновата лоза на некои места, таа се наоѓа во фаза на интензивен пораст каде е доста осетлива на инфекции од најзначајните патогени болести, а тоа се причинителот на пламеница, пепелница и сиво гниење, додека од штетните инсекти е сивиот гроздов молец, затоа се препорачува да се посвети поголемо внимание и претпазливост од појава на болести и штетници, бидејки токму овие временски услови одговараат за појава на тие болести и штетници.

Денес и во петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Потоа следува период на стабилно и сончево време. Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Предупредување: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува под отворен простор. Да се преземат превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции, да се расчистат одводните канали за полесно одлевање на површинските води и заштита од нив.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 9°C до 20°C, а максималната температура ќе се движи во интервал од 26°C до 38°C.

Извор: Агрометео

Може да ви се допадне

ЦУК: Повеќе пријави за поплави и нарушување на инфраструктурата по невремето во Скопје, најкритични Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Чаир и Аеродром
ММФ ќе прави анализи на пензискиот фонд, во Буџетот се предвидени вкупните 19,6  милијарди денари за Вториот столб
Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од 2026 година
ЦУК преку пилот-проект воспоставува интелигентни камери за рана детекција на пожари во критични зони
Ѓорѓиевски: Кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија се на терен и се справуваат со последиците од невремето
Таг:агрометеоролошка прогнозаземјоделските културиСеверна Македонија
Претходен напис ММФ ќе прави анализи на пензискиот фонд, во Буџетот се предвидени вкупните 19,6  милијарди денари за Вториот столб
Следен напис ЦУК: Повеќе пријави за поплави и нарушување на инфраструктурата по невремето во Скопје, најкритични Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Чаир и Аеродром
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?