Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Димитриеска-Кочоска: Исполнети чекорите од Реформската агенда посветени на транспарентност, отчетност и подобро управување со јавните финансии
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Димитриеска-Кочоска: Исполнети чекорите од Реформската агенда посветени на транспарентност, отчетност и подобро управување со јавните финансии
Агровести

Димитриеска-Кочоска: Исполнети чекорите од Реформската агенда посветени на транспарентност, отчетност и подобро управување со јавните финансии

Објавено 01/07/2026
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за финансии постигна значителен напредок во имплементацијата на Реформската агенда 2024–2027, со силен фокус на транспарентност, отчетност и подобрено управување со јавните финансии. Реформи коишто ги спроведе се клучни за зајакнување на капацитетот на државата ефикасно да апсорбира, односно да обезбедува и управува со средствата од ЕУ.

Министерството за финансии, како што соопштуваат оттаму, има исполнето осум чекори, од вкупно 22 чекори коишто ги исполни земјава и кои резултираа со одобрување на 142,1 милион евра во рамки на Реформската агенда.    

-Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на работен брифинг со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, посветен на реализацијата на Реформската агенда и приоритетите во процесот на европската интеграција на државата истакна дека Инструментот за реформи и раст е клучен двигател на реформите коишто ќе ги зајакнат јавните институции, ќе го подобрат управувањето, ќе поттикнат економски раст и ќе го забрзаат нашиот пат кон членство во Европската Унија. При тоа, потенцира дека посветеноста на Европската Комисија во поддршката на нашите реформски напори преку редовни мониторинг состаноци и обезбедување техничка помош помага да напредуваме во клучните политички области, информираат од Министерството за финансии. 

Како дел од Реформската агенда Министерството за финансии исполнило чекор којшто се однесува на зајакнувањето на јавната внатрешна финансиска контрола, со усвојувањето на Законот за јавна внатрешна финансиска постигнато е целосно усогласување со меѓународните стандарди и принципите на ЕУ.

-Повеќе од 80% од буџетските корисници на централно ниво и 75% на локално ниво поднесуваат извештај за извршените внатрешни ревизии, додека повеќе од 70% од примарните буџетски корисници на централно ниво  имаат документ за управување со ризик, вклучително и антикорупцискиот ризик и ги евидентираат идентификуваните ризици во плановите за ублажување на истите. Понатаму е зајакнување на системот за јавни набавки, односно користењето на аукциите за набавки во фискалната 2025 година се намали на максимум 40% од набавките и целта поврзана со користењето на е-аукции е постигната. При тоа нивното учество останува под максималниот праг дефиниран во Реформската агенда, со што се придонесува за подобрена транспарентност, конкуренција и ефикасност, информираат од Министерството. 

Исто така, е постигнат напредок во спроведувањето на Законот за буџети и реформите во делот на управувањето со јавните инвестиции.

-Во областа на Управување со јавни инвестиции, по усвојувањето на Уредбата за управување со јавни инвестиции, Министерството за финансии подготви и објави Насоки за изработка на студии за изводливост и Прирачник за процесот на управувањето со јавните инвестиции и спроведе обука за вработените во јавниот сектор за примената на истите. Конечната приоритетна листа на проекти за јавни инвестиции беше усвоена од овој Комитет во мај 2026 година, по што следува усвојување на листата од страна на Владата. Исто така развиено е привремено ИТ решение на соодветно ниво кое е пополнето со податоци од одобрени концепти за проекти и мониторинг извештаи, на тој начин се обезбедува централизирана база на податоци којашто ги опфаќа и тековните и новите проекти на национално ниво, поддржувајќи го изборот на буџетски кандидати и следењето на финансиското спроведување на проектите, се вели во соопштението од МФ.

Потсетуваат дека изминатиот период како дел од Реформската агенда донесени биле сите 17 подзаконски акти предвидени во Законот за буџетите. Воспоставен е регистар на јавни субјекти, ревидирани се буџетските класификации, а организациската структура на буџетските корисници е рационализирана, со што бројот на примарни буџетски корисници е намален од 85 на 35, при што буџетските корисници од втора линија се јасно идентификувани.

Министерството за финансии дополнително ги исполнило пред утврдениот краен рок чекорите коишто се однесуваа на олеснување на пристапот до заеми за мали и средни претпријатија со проширување на издадените гаранции според државните кредитно-гарантни шеми и зголемување на бројот на мали и средни претпријатија кои имаат корист од кредитно – гарантните шеми.

Во рамките на  четвртото барање за ослободување на средства, во рамки на Планот за раст, Министерството за финансии ќе достави две фишиња за двата многу важни чекори во областа Деловно опкружување, во рамки на реформата Поттикнување развој на мали и средни претпријастија  (МСП) преку донесување и спроведување на новата стратегија за МСП.

Министерството за финансии, велат оттаму, работеше на исполнување на препораките на Европската комисија во врска со олеснување на пристапот до заеми, со измена на релевантното законодавство за да се овозможи користење нематеријални средства како колатерал при кредитирањето на мали и средни претпријатија, како и на исполнување на препораките на Европската комисија во врска со спроведување темелно истражување за тековното користење лизинг од мали и средни претпријатија и законските одредби, воведување на потребните измени за да се поттикне користењето лизинг како опција за финансирање.

МИА

Може да ви се допадне

Народна банка: Употребата на дигиталните канали за плаќања на граѓаните бележи раст и во првиот квартал од 2026 година
Во мај за 9,1 проценти зголемен прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун
Индустриското производство намалено за 0,3 проценти во првите пет месеци од годинава
Без струја дел од корисниците во Петровец, Центар, Карпош и Ѓорче Петров
Индија се соочува со историска суша
Таг:Димитриеска-Кочоскатранспарентностфинансии
Претходен напис Народна банка: Употребата на дигиталните канали за плаќања на граѓаните бележи раст и во првиот квартал од 2026 година
Следен напис Ладна салата со тестенини и пилешко
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?