Три пожари на отворен простор се евидентирани до 14 часот денеска, два од нив се сѐ уште активни, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи.
Првиот активен пожар е во општина Гази Баба, кај село Трубарево, каде гори ниска вегетација и ниска шума. Другиот активен пожар е на територија на општина Липково, кај село Опаје, каде се зафатени ниска вегетација и жито.
Изгаснатиот пожар бил на подрачјето на општина Велес. На улицата „Димко Најдов“ опожарена била ниска вегетација.
МИА
