Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Димитриеска-Кочоска: Ребалансот создава услови за поголеми инвестиции и поефикасна реализација на капиталните проекти
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Димитриеска-Кочоска: Ребалансот создава услови за поголеми инвестиции и поефикасна реализација на капиталните проекти
Агровести

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот создава услови за поголеми инвестиции и поефикасна реализација на капиталните проекти

Објавено 26/06/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ребалансот на Буџетот за 2026 година е насочен кон обезбедување средства за реализација на капитални инвестиции, исполнување на обврските преземени со колективните договори и поддршка на развојните политики кои директно влијаат врз квалитетот на живот на граѓаните, кажа министерката за финансии во поткастот „Каде се парите“.

Говорејќи за зголемувањето на расходите со ребалансот, министерката посочи дека Министерството за финансии мора да води сметка не само за бројките, туку и за реалните потреби на граѓаните и институциите.

„Министерот за финансии има најтешка улога, затоа што ако сакаме да ги гледаме работите само од аспект на тоа каков треба да биде буџетскиот дефицит, ќе кажеме – да, министерот се држи цврсто до бројката, но на другата страна имаме живот и реалност“, рече Димитриеска-Кочоска.

Во однос на капиталните инвестиции, министерката истакна дека тие не смеат да се гледаат исклучиво како трошок, туку како вложување во идниот развој на државата и подобрување на условите за живот на граѓаните..

Таа посочи дека капиталните инвестиции имаат директен придонес за економскиот раст, но и долгорочни ефекти врз развојот и животниот стандард.

„Капиталните инвестиции директно влијаат на бруто-домашниот производ, а по нивната реализација директно и индиректно влијаат врз економијата и подобрувањето на квалитетот на живот“, истакна Димитриеска-Кочоска и додаде дека одлуката за зголемување на капиталните расходи е резултат на подобрената реализација на проектите и зголемената подготвеност на институциите да ги спроведуваат планираните активности.

„Ние констатиравме дека во последните неколку месеци одредени министри се фокусирани и посветени на работата и како резултат на тоа кажавме – во ред, нека имаме поголема реализација“, рече министерката.

Во делот на приходите, таа нагласи дека наплатата на даноците се движи согласно очекувањата и дека досегашните показатели не упатуваат на значителни отстапувања од проекциите.

„Растот на приходите од ДДВ и останатите даноци е над нивото потребно за исполнување на годишните проекции. Податоците покажуваат дека приходите се движат во согласност со планот и нема основа за тврдења дека Буџетот се соочува со проблеми во наплатата: Јас не можам да кажам дека има некакви отстапувања. Математиките до сега покажуваат дека даноците ќе се собираат“, истакна Димитриеска-Кочоска.

Осврнувајќи се на буџетскиот дефицит, министерката нагласи дека дефицитот не треба да се анализира преку апсолутни бројки, туку преку неговото учество во бруто-домашниот производ, бидејќи само така може да се направи реална споредба меѓу различни години и економски услови.

„Процентите постојат токму заради тоа, да бидат споредливи. Не можеме да споредуваме нешто што не е споредливо“, истакна Димитриеска-Кочоска и потсети дека државата во 2020 година се соочи со буџетски дефицит од 8 проценти од БДП и посочи дека процесот на фискална консолидација е отежнат поради наследените предизвици и обврски.

Во однос на јавниот долг, министерката истакна дека Министерството за финансии води внимателна политика на управување со јавните финансии и дека довербата на меѓународните финансиски пазари е потврдена преку успешното издавање на еврообврзницата со историски најниска маргина.

„И заради тоа, кога ја издававме еврообврзницата, имавме најниска маргина досега, историски гледано“, рече таа.

Министерката нагласи дека фискалната политика останува насочена кон одржување на стабилноста, но и кон обезбедување средства за развојни проекти кои ќе дадат долгорочни резултати за економијата.

Министерство за финансии

Може да ви се допадне

Топол бран до средината на следната недела
Грција од 1 јули ја имплементира европската одлука и воведува три евра царина за секој производ купен онлајн од трети земји
Без вода дел од општина Карпош, а без струја корисниците на бул. „Борис Трајковски“ во Кисела Вода
Лов на отровната морска риба во Грција, рибарите ќе добиваат 5,33 евра за килограм
Забрана за тешки товарни возила од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија
Таг:Димитриеска-Кочоскаинвестициикапиталните проектиРебалансот
Претходен напис Трилече – мек и сочен десерт со карамел
Следен напис Топол бран до средината на следната недела
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?